Дали редовно појадувате? Многу луѓе сметаат дека наутро се премногу зафатени за да стигнат и да појадуваат. Од друга страна, поголемата половина од нив тврдат дека не се доволно гладни и немаат апетит кога ќе се разбудат. Оние кои не јадат наутро можат да нанесат поголема штета отколку корист на својот физички изглед. Истражувањата покажале дека постојат неколку причини поради кои појадокот е важен, а во продолжение прочитајте какви предности има тој за нашето здравје.rnrn
rn
1. Појадокот ја подобрува концентрацијата
rnПостои причина зошто многу училишта нудат појадок за своите ученици. Нутриционистите веќе одамна се сложиле дека утринскиот оброк е клучен за концентрацијата и учењето, неповрзано со возраста. По ноќта, нивото на шеќерот во крвта е многу ниско, а појадокот кој нуди оптимална количина интегрални житарици, протеини и намирници богати со витамини му е и повеќе од потребен на нашиот мозок за извршување на нормалните функции.rn
2. Важен е за срцето
rnНавиката на прескокнување на појадокот е научно докажано дека е поврзана со појавата и развитокот на срцевите болести, поточно со зголемување на ризикот од срцев удар за 27%.rn
3. Изберете протеини за појадок
rn
rnrnПојадокот ќе ве држи сити во текот на целото претпладне, но појадокот богат со протеини ја продолжува оваа предност на целиот ден. Изберете јајца, јогурт и месо и ќе ја намалите желбата за брза храна низ денот. Здрав појадок = здрави избори.rn
4. По појадокот ќе бидете поактивни
rnЛуѓето кои појадуваат има поголема физичка енергија, поради што природно водат и поактивен живот бидејќи мозокот добива сигнали за количината на новата енергија. Направете си услуга и никогаш не го прескокнувајте појадокот.rn
5. Се намалува ризикот од појавата на дијабетес
rnВрската помеѓу прескокнувањето на појадокот и развивањето на дијабетесот е спомната во многу научни студии. Појадокот е важен за регулирањето на апетитот во текот на денот. Ако го прескокнете, по некое време може да дојде до чувствителност на инсулин, дијабетес тип-2 и висок крвен притисок.
