Секоја жена, без оглед на нејзиното тело, возраст и националност, сака да внесе промена во нејзиниот изглед. Жените на кои природата не им дала облини какви што посакуваат не се исклучок од тоа правило. Јасно е дека со редовно вежбање посакуваните облини можат да станат реалност, но понекогаш не ни се чека толку долго. Следниве неколку трикови ќе ви помогнат да ги нагласите совршените делови од вашето тело и да ги направите уште попривлечни…rn
Нагласете ја линијата на струкот
rnЗа да направите вашето тело да изгледа величенствено, одберете облека која ќе го нагласи вашиот струк. Колку потенок изгледа струкот, толку поубаво изгледа задникот. Најдобро е да одбегнувате облека без форма која го крие вашиот струк.rn
Ставете акцент на нозете
rnЕден од основните модни закони гласи: Ако сакате вашиот задник да изгледа позаоблено, не двоумете се да ги покажете вашите прекрасни нозе.rn
Одберете пенсил здолниште или здолниште со полн тул
rnОткако Кристијан Диор го креираше првото пенсил здолниште, тоа стана едно од основните парчиња облека кои секоја жена треба да ги поседува. Успешно ги нагласува сите совршени делови на телото и може да направи вашиот задник да изгледа навистина привлечно. Предностите на здолништето со полн тул се видливи со голо око, и нема потреба од понатамошни објаснувања.rn
Хоризонталните линии нека станат вашиот најдобар пријател
rnФустаните и здолништата со хоризонтални линии во контрасни бои се создадени за да го направат телото поженствено и елегантно. Овој модел визуелно ги зголемува колковите и на тој начин го прави вашите задник позаоблен.rn
Маичките со гол стомак во комбинација со здолништа или шорцеви се едноставно прекрасни
rnМаичките со гол стомак одлично го нагласува струкот, а тексас шорцевите убаво ги дефинираат сите посакувани делови. Скејтерските здолништа и здолништата кои стануваат пошироки на крајот се многу модерни денес и несомнено ќе ги привлечат туѓите погледи, благодарение на нивната должина и форма. Тие визуелно го зголемуваат задникот и помагаат да се постигне најпосакуваната форма на телото на песочен часовник.rn
Материјали кои ги изразуваат контурите на телото
rnФустаните, здолништата и фармерките направени од растегливи материјали можат да ги нагласат сите ваши привлечни делови на телото. Ваквите материјали го зацврстуваат задникот и прават да изгледа позаоблено. Дополнете го изгледот со високи потпетици или сандали и никој нема да може да го тргне погледот од вас.

