Фенот за коса е повеќенаменски куќен апарат, а повеќето од нас не се ни свесни за тоа. Фенот може да ви биде од голема помош во домаќинството на следниве 5 начини…rnrn
rn
1. Одлепете ги фотографиите од албумот за слики
rnАко имате албум со лепливи страници, можете да ја извадите фотографијата без да ја оштетите така што ќе го пуштите топлиот воздух од фенот на позадината, додека вие полека ја одлепувате фотографијата.rn
2. Исчистете ја прашината од тешко достапните места
rnВклучете го фенот на ладно дување и насочете го на местото од коешто сакате да ја исчистите прашината. Ако сакате да ја „издувате“ прашината од полиците, почнете од највисоката кон најниската.rn
3. Израмнете ги пластичните завеси за туш и чаршави за маса
rnНовите, изгужвани пластични завеси за туш и пластични чаршави можете да ги израмните ако кон нив насочите топол воздух. Држете го фенот на 30 центиметри оддалеченост од површината за да не се стопи пластиката.rn
4. Стврднете ја шеќерната глазура на колачите
rnШеќерната глазура на колачите побрзо ќе се стврдне, доколку ладниот воздух од фенот го насочите директно во неа. Ако сакате да ѝ додадете малку сјај на глазурата, во тоа ќе ви помогне сосема малку топол воздух од фенот.rn
5. Отстранете ги остатоците од восок
rnСтавете го фенот за коса на највисока температура и дувајте во дамката сѐ додека восокот не се стопи, а потоа едноставно отстранете го со помош на сунѓер и малку сапун.