Зошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивни страни?

Зошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивни страни?

Секој што некогаш облекол кошула забележал дека копчињата се на различна страна во зависност од тоа дали се работи за машка или женска кошула. Веројатно не сте размислувале многу за ова, но постои навистина интересна приказна која објаснува зошто е тоа така.

Зошто копчињата на машките и женските кошули се на спротивини страни?

Откриено е дека овој моден тренд потекнува уште од периодот кога копчињата биле измислени, односно околу 13-тиот век. Имено, само богатите жени можеле да си дозволат копчиња на нивните кошули. А во тој период сите богати дами, имале и слугинки. Па така, има смисла копчињата да се на другата страна, бидејќи некој друг им ја закопчувал облеката.

Со оглед на тоа што денес речиси сите се облекуваме сами, можеби е време да се промени овој тренд. Во секој случај, станува збор за интересен историски податок кој зборува за начинот на живот и секојдневните навики на луѓето од минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар