Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?

Многу од жените летово можеби забележале дека една од најпопуларните летни нијанси на кармин – корално црвената, не им одговара баш најдобро на нивната насмевка. Ова наједноставно може да се објасни со правилата за комплементарност на боите. Сината и портокаловата, односно жолтата боја, стојат спротивно една од друга во спектарот на бои. Со оглед на тоа дека спротивностите се привлекуваат, сините тонови во кармините ги поништуваат жолтеникавите бои на нашите заби. Ви претставуваме неколку трикови со чијашто помош ќе ги избегнете „грозните“ нијанси на кармините, врз основа на тенот на вашата кожа или пак, ќе ги изберете оние коишто вашата насмевка ќе ја направат поблескава.

(1) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?

1. Изберете го вистинскиот црвен кармин

Црвениот кармин може да стои на секоја жена и девојка, само доколку ја изберете вистинската нијанса според тенот на вашата кожа. Тогаш, ќе дојдат до израз сите ваши атрибути и ќе направи вашите заби да изгледаат побели. Доколку сте со посветол тен, изберете црвен кармин со боја на вишна кој има сина основа и вашата насмевка ќе заблеска. Оние девојки и жени кои имаат потемен тен треба да изберат црвен кармин со нијанси на боите на виното или костенот. Виолетовата основа ќе направи чуда кога станува збор за белината на вашите заби.

2. Боја на малини за поблескава насмевка

Розовата е вообичаено понежна и посветла од црвената, па најчесто не може да го даде истиот ефект како потемните бои кои ја истакнуваат белината на забите. Но, розовите нијанси можат да ни дадат холивудска насмевка доколку се држиме до постудените тонови, како што е бојата на малините. Додека оние со корални или портокалови тонови треба да се избегнуваат.

(2) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?

3. Избегнувајте ги кафените тонови

Кафените кармини никако не ѝ ласкаат на вашата насмевка. На пример, бордо кармините со кафена основа ќе ги истакнат жолтите или темните дамки на вашите заби. Наместо нив, доколку имате посветол тон на кожата, користете кармини со боја на темни бобинки и сина основа, како оној со нијанси на слива. Жените со потемен тен најдобро ќе изгледаат со кармин во нијанса на црвен грав. Таа нијанса добро одговара речиси на секој тен, а нејзината сина основа ги прави посветли вашите заби.

4. Обичниот сјај е вашиот најдобар пријател

Обичниот сјај ќе им даде влажен изглед на вашите усни, а забите ќе изгледаат блескаво. Кармините во мат нијанси го предизвикуваат спротивниот ефект. Но, сјајот со седефести тонови треба да се избегнува затоа што ги прави посјајни нашите усни, но не и нашите заби.

(3) Која боја на кармин да ја изберете летово за да ви изгледаат забите побели?

5. Неонски бои

Овие кармини ги истакнуваат вашите усни и потемнетиот тен по деновите минати на плажа, но забите ги фрлаат во втор план. Кармините со светли флуоресцентни нијанси никако нема да помогнат во истакнувањето на вашата насмевка, туку напротив, можат да ги направат вашите заби да изгледаат потемни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар