6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум
Дали понекогаш сте се почувствувале како да добивате некоја одлична идеја, но потоа одеднаш вашата креативност да ја снема? Ако сте го искусиле ова, тогаш најверојатно треба да работите на тоа да го подобрите креативното мислење. Креативноста е важна за секоја возраст. Дури и во светот на бизнисот најголем успех се постигнува преку иновација, за што е заслужна токму таа. Па, ако некогаш сте се почувствувале изневерени вашата креативност, тогаш можеби е време да испробате неколку од следниве трикови за да го освежите вашиот ум…
1. Верувајте дека креативноста може да порасне
Иако ова може да изгледа очигледно, сепак, многу е важно да ја зголемите својата волја уште од почеток. Самиот чин на верувањето е најголемата мотивација. Мора да го отфрлите верувањето дека креативноста е вродена. Точно е дека природно секој човек има различно ниво на креативност, но од вас зависи колку ќе ја развивате.
2. Изберете странично наместо вертикално учење
Генерално, постојат два различни начини преку кои можете да стекнете знаење. Вертикалното учење значи специјализирање во одредена област, додека пак страничното учење значи стекнување знаење од повеќе области. Се разбира, ќе се пронајдете или во едната или во другата група. Ако сте логичари по природа, честопати ќе се најдете во вертикалната група. Но, доколку се потпирате на страничниот начин на учење, вие ќе ја поттикнете вашата креативност во голема мера. Колку повеќе различни знаења имате од различни области, толку повеќе ќе ја поттикнувате вашата креативност.
3. Вежбајте ја креативноста како да ги вежбате мускулите
Без сомнение, Стив Џобс е креативна инспирација за сите. Тој рекол:
„Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи назад. Вие вие мора да верувате дека некако ќе ги поврзете во иднина.“
За среќа, вие можете да ја тренирате вашата креативност исто како што ги вежбате мускулите. Со редовна стимулација и надградување, можете да ја подигнете на многу повисоко ниво. На пример, обидете се да ги запишувате сите идеи на лист хартија. Колку повеќе ќе станувате креативни, ќе забележувате и дека идеите полесно ќе ви доаѓаат.
4. Посветете ѝ време на креативноста
Ако сте решиле да станете покреативни, потребно е да посветите време на тоа. Оставете си барем еден час дневно само за вашата креативност. Исто така е важно да му овозможите на вашиот ум слобода, без да ви се мешаат дневните активности и обврски. Не треба ова да го сметате како непродуктивно време. Треба да знаете дека ова е од суштинско значење за одржување на вашата креативна страна. Кога ќе му ја дадете оваа слобода на вашиот ум, ќе бидете изненадени од резултатите!
5. Запишувајте ги вашите мисли
Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога ќе ви дојде генијална идеја, а потоа веднаш да исчезне уште пред да дејствувате? Ова е честа појава. Всушност, идеите може да доаѓаат и да исчезнуваат, исто како и емоциите. Затоа, забележувајте ја секоја идеја, за кога ќе дојде време да можете да се навратите на нив и подлабоко да размислувате.
6. Користете ги двете страни од вашиот мозок
Креативноста не се наоѓа во левата или во десната хемисфера на мозокот. Креативноста е рамнотежа помеѓу двете и токму себепознавањето може да ви помогне да ја зголемите. Започнете со идентификување на вашите начини на размислување и трудете се да ги балансирате. На пример, доколку кај вас доминира логичното размислување, треба да ја стимулирате креативноста со сликање или цртање. Откако ќе научите како да ги балансирате овие работи, вие ќе бидете на вистинскиот пат да станете креативен гениј!