Кој е најдобриот начин да ѝ кажете дека ја сакате според нејзиниот хороскопски знак?

Кој е најдобриот начин да ѝ кажете дека ја сакате според нејзиниот хороскопски знак?

Постојат многу нешта кои можат да се кажат за љубовта, бидејќи таа е непресушен извор на инспирација, но уште повеќе може да се говори и за тоа како и кога се вљубуваат луѓето. Но, едно малку почувствително прашање е начинот на којшто луѓето ја покажуваат меѓусебната љубов. Љубовните врски се комплексни , како за девојките, така и за момците. Токму затоа и ви нудиме неколку совети како да ѝ кажете дека ја сакате, според нејзиниот хороскопски знак.

(1) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знак

Овен

Жените Овни сакаат да испробуваат нови работи и мразат монотонија во нивниот живот. Веруваат дека промените го зачинуваат животот. А, кога се вљубуваат тоа се вистински емоции кои веднаш се забележуваат. Овие девојки се независни и им е потребен простор. Затоа, доколку сакате да им покажете дека ги сакате, правете одредени работи заедно, но и оставете простор за слобода, како за нив, така и за вас. Најмалку од сè сакаат партнерот да ги „гуши“.

Бик

Биковите се познати по тоа што одвреме-навреме избувнуваат (ураганите се веројатно крстени по нив) и можат да станат неразумно љубоморни и посесивни. Но, истовремено се и премногу лојални. Доколку не им дадете причина да бидат љубоморни или не им оставите доволно простор нивните чувства кон вас да прераснат во посесивност, тогаш тие ќе бидат со вас и во добро и во лошо. За да им покажете дека вистински ги сакате, отстранете ги сите можности за сомневање и покажете им дека сте верен партнер.

Близнаци

Доколку сте вљубени во девојка родена во овој период од годината, тогаш добивате две во едно. Некогаш се друштвени и спонтани, а некогаш знаат да бидат емотивно недостапни. Близнаците се креативни. Изненадете ги со викенд патување и активности кои се надвор од секојдневните обврски. Така ќе почувствуваат дека навистина имате искрени чувства и дека се грижите за нив.

(2) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знак

Рак

Домот и семејството се приоритети на овие девојки. Тие понекогаш знаат да бидат тврдоглави и имаат тенденција премногу да ги анализираат нештата околу себе. Но, како и Овните, така и Раковите, кога ќе се вљубат, тогаш тоа е вистински. Беспоштедно ќе ви се предадат, затоа што сметаат дека ги заслужувате нивните емоции и нивното внимание. Внимавајте да не ги разочарате. Направете сè за да се почувствуваат дека се дел од вашето семејство. Тогаш, овие девојки ќе ја почувствуваат вашата љубов.

Лав

Има причина зашто родените во овој период се означени како Лавови во хороскопот. Тие се самоуверени и цврсти, но истовремено и лесно ранливи. Покажете им ја својата љубов на начин преку кој ќе се восхитувате на нивните предности и способности, почитувајќи ја улогата којашто ја имаат во вашите животи и не заборавајте, давајте им простор да се осамат, секогаш кога ќе го побараат тоа од вас.

Девица

Не планирајте спонтано патување со оваа девојка. Девиците се неверојатни кога станува збор за планирање. Знаат да постават многу високи стандарди за сите од околината, па затоа ако во вас се вљуби девојка родена во овој период од годината, знајте дека сте ги поминале сите тестови. Тоа е еден од начините на кои можете да ја покажете својата љубов. Продолжете да се придржувате до стандардите кои веќе ви се поставени, за што ќе бидете наградени со нивна верност.

(3) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знак

Вага

Вагите можат да имаат најдобри, но и најлоши изданија. Овие девојки можат да бидат неодлучни и тешко да се осмелуваат да кажат „не“, но од друга страна се одлични слушатели, миротворци и сакаат да преземаат нови предизвици. Не сакаат здодевни и вообичаени нешта. Ќе се почувствуваат сакано доколку и вие се вклучите во некоја нивна авантура, а во неделите можете релаксирано да гледате телевизиски серии со нив.

Скорпија

Скорпиите сакаат победа, контрола и сериозни нешта околу себе. Не се изненадувајте доколку откриете дека на Гугл пребарувале теми поврзани со духови, мистични приказни или пак стории за необична смрт. Доколку вие немате наклонетост кон вакви темни и извртени приказни, не грижете се. Ќе ве прифатат и без тоа, само кажете си веднаш.

Стрелец

Стрелците живеат за тоа секојдневно да искусуваат нови работи и авантури. Доколку сте во врска со девојка Стрелец, веројатно знаете колку е тешко да се следи во чекор, бидејќи нивните интереси се најразлични. Тие се неверојатно мудри, оптимистични и во склад со нивните емоции. Доколку почувствуваат дека не ги слушате доволно внимателно или не покажете заинтересираност за она што го велат и тоа што го прават, тогаш немате големи шанси да останете со нив. Затоа, покажете им ја својата љубов преку константно внимание.

(4) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знак

Јарец

Јарците имаат високо мислење за себе и за својот партнер. Тие се срамежливи, практични и добри организатори. За нив нема ништо посекси од момче кое знае да ги спои духовитоста и интелигенцијата. Имаат добра смисла за хумор и знаат да кажат навистина интересни шеги. Покажете им ја љубовта со добро организирано патување, но тоа не смее да биде премногу екстравагантно, бидејќи многу внимаваат на финансиите. И секогаш, ама баш секогаш, продолжете да се залагате за ваш личен и општ успех.

Водолија

Водолиите се ексцентрични, шармантни и интелигентни. Доколку успеете да фатите чекор со неа, тогаш ќе ве награди со разоткривање на нејзината сексуално – авантуристичка страна. Тие сакаат романса, но без претерувања. Едноставно бидете искрени со неа и таа ќе ви врати со неизмерна љубов и внимание.

Риби

Внимавајте да не ѝ го скршите срцето. Рибите се емотивни и сензитивни. Тие му веруваат на претчувството и го слушаат срцето. Доколку не ги почитувате нејзините емоции и не зборувате отворено за своите чувства, тогаш набрзо ќе останете без неа. Затоа отворете ја својата душа и така ќе сфати дека вистински ја сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар