6 знаци дека треба да внесете промени во вашиот живот
Чувствувате дека е време да направите чекор напред и да го смените вашиот живот? Можеби тоа не е толку едноставно, но секако е можно. Постојат многу знаци кои укажуваат дека ви е потребна промена на професионален и приватен план. Еве неколку знаци кои можеби ќе ви помогнат да се охрабрите и да ја напуштите секојдневната рутина.
1. Едвај чекате да дојде петок
Петоците се забавни, но доколку имате работа што вистински ја сакате и уживате во неа, секој ден може да ви претставува „петок“. Размислете! Доколку сета ваша енергија ја чувате за во петок и едвај чекате да дојде крајот на здодевната работна седмица, можеби треба да внесете некакви промени во вашиот живот. Тоа подразбира многу работа и посветеност на себеси, но секако, голем број луѓе преку своите примери докажуваат дека е возможно да се живее животот што се сака, па дури и во понеделник.
2. Живеете за одморите
Одморите и патувањата се супер, но она што е уште подобро е да си изградите живот од кој нема да имате потреба да се одмарате. Американскиот автор и животен водич, Сет Годин вели „Наместо да размислувате кога ќе биде вашиот следен годишен одмор, можеби треба да си го уредите животот на начин, од кој нема да има потреба да бегате на одмор“. Одморите се забавни и возбудливи, и нормално е да се практикуваат барем еднаш годишно. Но, многу е убаво кога човек ќе си создаде услови во кои ќе ужива во текот на целата година, без притоа да мечтае што побрзо да дојдат двете недели во кои ќе отпатува некаде.
3. Кога ќе размислите, заклучувате дека не сте фокусирани на вашите приоритети
Запишете ги топ трите приоритети во вашиот живот. Потоа запишете ги трите нешта на кои најмногу се фокусирате во вашиот живот. Дали поминувате најголем дел од времето посветувајќи им се на трите приоритети? Доколку не сте целосно посветени на исполнувањето и реализацијата на вашите животни цели, тогаш е време да направите одредени промени.
4. Не знаете што ве прави вистински среќни и немате простор и време да откриете?!
Доколку сè уште не сте ја откриле страста на вашиот живот, нема ни да ја откриете доколку продолжите со секојдневната рутина, повторно и повторно, ден за ден, година за година. Со цел да откриете што ве прави вистински среќни, најпрвин создадете простор во вашиот живот за да почнете со потрагата. Дајте си време да сфатите кои сте всушност вие, кои се вашите способности и вашите интереси. Експериментирајте со учење нови нешта, поминувајте повеќе време со инспиративни луѓе и правете го она коешто ве возбудува. Обидете се да ги избегнете или да ги сведете на минимум работите кои ја црпат позитивната енергија од вас.
5. Многу често сте љубоморни
Доколку забележите дека во вас често се јавуваат чувства на љубомора кон некоја личност, земете ги предвид овие три работи кои можат да ви помогнат:
1. Фокусирајте се на својот пат и својата цел, наместо на „животното патување“ на личноста која ви предизвикува љубомора. Понекогаш, тоа значи и да се исклучите некое време од социјалните мрежи.
2. Инспирирајте се од личноста на која ѝ љубоморите, и работете да остварите сличен успех во својот живот.
3. Дајте си време да размислите и можеби ќе сфатите дека тоа што го постигнала личноста на која сте ѝ љубоморни не е толку вредно за да го заслужи и вашиот труд, па ќе се сконцентрирате на некоја друга, вам поважна цел.
Кога сте љубоморни, размислете зошто го посакувате тоа што другата личност го има и кои се вашите мотиви. Сепак, со живеењето на животот според свои стандарди, фокусирани на вашите приоритети, страсти и сили, ќе си овозможите многу поголема исполнетост, отколку да бидете некоја сосема друга личност.
6. Не се сеќавате кога последен пат сте излегле од вашата удобна зона?!
Голем број психолози и автори на дела од областа на позитивната психологија посочуваат дека животот започнува тогаш кога човекот ќе излезе од својата зона на удобност. Животот е толку кус за да поминете години без притоа да го вложите сиот ваш потенцијал. Доколку сте подготвени да започнете со мали, но значајни чекори за промена на вашите животи, само напред, без размислување!