Лајкамобајл официјално стартува во Македонија
Lycamobile, најголемиот меѓународен мобилен виртуелен оператор (MVNO) започна со работа во Македонија, која стана 21 држава во Lycamobile интернационалната мрежа.
Македонските граѓани ќе може да ги уживаат придобивките од Lycamobile и нашите нискобуџетни тарифи за национални, меѓународни повици како и интернет сообраќај. Понудите на Лајкамобајл особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Лајкамобајл нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот.
Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени.
Кандидатскиот статус на Македонија за влез во Европската Унија од 2005 година овозможи блиски економски врски со Унијата, што резултираше со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор како подготовка за посериозна конкурентска средина.
Следствено на тоа, во 2015 година Македонија оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Лајкамобајл донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.
Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lycamobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.
„Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа, oпкружена со некои од најпопуларните земји а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвид тоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво“, изјави генералниот директор на Lycamobile Субаскаран Алираџах.
***
За Lycamobile
Главната цел на Lycamobile е да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот. Како најголем меѓународен виртуелен оператор, Lycamobile обезбедува нискобуџетни тарифи за национални и меѓународни повици, како и за висококвалитетен интернет сообраќај. Опслужува повеќе од 15 милиони корисници во 21 држава. Lycamobile ја прошири својата дејност и сега дополнително нуди финансиски улсуги преку Lycamoney и комуникациски услуги преку Lycachat, што им помагаат на корисниците да останат во контакт и кога се надвор од границите. Формирана во 2006 година, со промет од 1,6 милијарди евра во 2015 година, Lycamobile бргу го зголемува своето семејство на држави и на секои две секунди придобива нов корисник.
Lycamobile мрежата е достапна во Автралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Хонгконг, Ирска, Италија, Македонија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тунис, Обединетото Кралство и САД.