Во текот на растењето, животот некако ни се мери по степенот на образование во кој се наоѓаме. Најпрво одиме во основно училиште, па во средно и на крај на факултет. Но, колку често се спомнува животот после факултетот, а притоа да не се спомнуваат брак и деца? Токму поради оваа причина честопати не сме емоционално подготвени за „живот после дипломата“. Најчесто сметаме дека следна фаза е пронаоѓање работа и одлуката за тоа каде ќе живееме. Но, толку многу искуства нè чекаат по завршување на факултетот што е навистина голема штета ако ги немаме на ум. Погледнете за кои станува збор.
rn
1. Создавањето нови пријателства и одржувањето на старите не е воопшто лесно
rnВо училиштето сме навикнати да бидеме опкружени со луѓе на иста возраст како нашата и тоа секојдневно. Во вистинскиот живот, морате и тоа како да се потрудите за да бидете опкружени со луѓе на ваши години и слични интереси, односно константно да работите на градење на односи со нив.rn
2. Вашата прва (и втора и трета) работа нема да биде онаа од вашите соништа
rnКога го замислувате првото „скалило“ после факултетот, сигурно ја замислувате првата работа. Она што никој нема да ви го каже е тоа што вашата прва работа нема да биде слична како изборот на факултет – знаете, полно опции, а вие ја избирате онаа која најмногу ви се допаѓа за следните 3 до 5 години. Вашата прва работа најверојатно ќе биде онаму каде што ќе има слободно место… Но, свртете го тоа во ваша корист – запознајте ја индустријата, создадете ваши интереси и познанства, односно дозволете си да откриете што навистина ве радува во животот.rn
3. Ќе имате и повеќе од две кариери
rnВоспитани сме така што мислиме дека кога еднаш ќе пронајдеме кариера и работа – тоа е тоа. Но всушност, тоа е многу покомплицирано и тоа е позитивна работа. Не мора да се обврзувате за само една кариера како тоа да е најважната одлука во вашиот живот. Можете да ја менувате работата кога и колку сакате, ако на тој начин сметате дека полесно ќе го пронајдете вашиот пат. Тоа не значи дека од училиштен професор преку ноќ ќе станете професионален пекар (иако тоа е целосно возможно!), но ако немате поимно разработен план за вашата иднина, тогаш тоа е навистина во ред.
rn
4. И не е толку важно каде сте студирале
rnВистина е! Каде сте оделе на училиште нема да влијае на вашиот живот во онаа мера колку што мислите. Секако дека е одличен начин за склопување познанства и развивање врски со луѓето со кои сте студирале, но што се однесува до вашата „работа од соништата“ – не дозволувајте дипломата да ве ограничува и попречува во тоа.rn
5. Животот не оди секогаш нагоре – Морате да научите да станете по секој пад!
rnЖивотот се состои од висини и падови. Немојте да мислите дека после завршувањето на факултетот вашиот живот ќе расте и расте, односно секој ден ќе станува подобар од претходниот. Ќе ви се сучат исклучително тешки, грди, убави, забавни и тажни моменти – и тоа е составен дел од животот. Морате да ги прифатите како дел од животот, да останете позитивни, секогаш да гледате нанапред и да знаете дека наскоро сè ќе се врати во нормала.

