Одморањето е клучен дел од секој тренинг, а оние коишто трчаат посебно внимание треба да посветат и на здравјето на своите стапала. Покрај другите правила коишто треба да ги почитува секој спортист, постојат и неколку чекори коишто може да ви помогнат да ги одржувате вашите нозе здрави за да продолжите да трчате. Еве кои се осумте чекори коишто треба да ги практикувате по трчањето.rnrn
rn
1. Растегнете ги стапалата
rnПрвото нешто што треба да го направите откако ќе се вратите дома по трчањето, е да ги растегнете вашите стапала. Свиткувањето на прстите е добро да го практикувате пред и после трчањето.rn
2. Тркалајте предмети со стапалата
rnДоволно е да земете шише со вода или пак некое топче и да го ставите под стапалата, па да почнете да го тркалате. Не е потребно да вложувате напор, доволно е само да го тркалате предметот за да се ослободите од напнатоста.rn
3. Ставете мраз и подигнете ги
rnДоколку чувствувате болки во нозете, можете да ги ублажите со тоа што ќе ставите мраз и ќе ги подигнете. Држете го ледот 20 минути на палецот, а потоа подигнете ги нозете на креветот, столот или масата.rn
4. Релаксирајте ги во топла вода
rnДруг начин да ги релаксирате вашите мускули е да ги ставите во топла солена вода. Подгответе си го овој третман и опуштете се додека гледате телевизија или читате книга.rnrn
rn
5. Масажа со крема
rnБолката и воспалението добиени од трчањето можете да ги ублажите со масажа со кремата којшто најмногу ви одговара. Од масажата ќе почувствувате и олеснување, а уште една придобивка е што ќе го спречете и пукањето на кожата.rn
6. Третирајте ги плускавиците соодветно
rnАко се вратите дома со неколку меурчиња на стапалата, третирајте ги веднаш! Доколку тие се поголеми, исцедете ги со стерилизирана игла, па потоа намачкајте ги со антибактериска маст.rn
7. Облечете чорапи
rnБез разлика дали ќе ги носите еден час движејќи се низ куќата или пак ќе спиете со нив, чорапите ќе им помогнат на мускулите побрзо да заздрават, а со тоа и да се чувствувате многу подобро.rn
8. Посетете педикир
rnСкратете ги ноктите и дајте им ја соодветната масажа на вашите стапала, па ќе бидете подготвени да трчате уште многу километри!