КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто да одите сами во кино

5 причини зошто да одите сами во кино

Written by

in

,

На многу луѓе не им е проблем сами да отидат на кафе, во теретана, на пешачење и слично. Но кога станува збор за одење сам во кино, речиси сите го избегнуваат тоа. Па, која е причината?rnrn5 причини зошто да одите сами во киноrnrnОва била темата за истражувањето на Ребека Ратнер и Ребека Хамилтон. Тие ги замолиле нивните испитаници да предвидат како би се чувствувале ако излезат сами и да одберат која активност би им била најмалку забавна. Се покажало дека излегувањето од удобната зона има најдобро влијание.rnrnОд поврзување со самите себеси, до подобрување на менталното здравје, одењето сами во кино може значително да ви го подобри квалитетот на животот. Овие работи ќе ви го докажат тоа.rn

1. Ѝ одолевате на анксиозноста

rnИако за интровертите одењето сами во кино звучи како навистина лоша идеја, штом ќе се охрабрите и го надминете стравот, ќе се чувствувате значително подобро. Анксиозноста што ни ја создаваат непознатите ситуации е сосема природна и својствена за механизмот за одбрана. Но, оваа активност ќе ви помогне да ја намалите.rn

2. Ќе уживате во филм што навистина сакате да го гледате

rnКолку пати сте го гледале филмот што сте сакале кога сте оделе во кино со друштво? Кога одите сами, изборот е целосно ваш. Ако сакате да гледате семеен филм, но немате дете и поради тоа би се чувствувале како да не припаѓате, немојте да си го правите тоа. Отидете да го гледате филмот што навистина го сакате. Не мора на никој да му го објаснувате вашиот избор.rn

3. Имате време само за себе во сегашниот момент

rnКога ќе ги изгаснат светлата и кога ќе почне филмот, ќе заборавите на грижите што ги имате. Ќе заборавите на проблемите од работа и конфликтите со семејството или партнерот. Ова е време за опуштање.rn

4. Не сте во центарот на вниманието на другите луѓе

rnВистина е дека повеќето од нас зависат од мислењето на другите луѓе. Неретко мислиме дека сите погледи се вперени во нас, дека секој ги забележува нашите недостатоци и дека одењето сами во кино ќе направи другите да нѐ гледаат чудно. Но, најверојатно луѓето ќе си помислат дека сте храбри и дека го живеете својот живот. Покрај тоа, во текот на филмот никој нема да ве гледа и да мисли на вас.rn

5. На крајот ќе се чувствувате како да можете да го освоите светот

rnПо завршувањето на филмот ќе се чувствувате како нова личност. Нема само да бидете опуштени и исполнети, ова искуство ќе направи да се чувствувате како да не постои нешто што не можете да го направите сами.rnrnПрочитајте ги овие неверојатни факти за кината.