Како да го изберете вистинскиот лак за нокти според вашите омилени обувки?

Како да го изберете вистинскиот лак за нокти според вашите омилени обувки?

Колку и да го обожавате педикирот и сите техники за украсување на ноктите, честопати ви се случува да се најдете во недоумица која боја да ја изберете. Освен тоа што нијансата на лакот ја вклопувате со вашата модна комбинација, најважно е таа да биде во совршена согласност со вашите обувки. Ова лето пристигнаа голем број тренди модели на сандали, но и лакови, поради што одлучивме да ви ги претставиме најдобрите комбинации кои се однесуваат на педикирот и изборот на обувките.

1-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

1. Еспадрили

Еспадрилите кои се составени од две неутрални бои се одличен избор на обувки кои ќе ги унапредат сите ваши кежуал комбинации. За тие и понатаму да ја задржат својата доза романтичност, најдобро би било да одберете лак во боја на праска или корал.

2-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

2. Гладијаторки

Црниот лак дава јак, автентичен и помалку војнички изглед.

3-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

3. Елегантни црни сандали

Без оглед на висината на штиклата, црните сандали секогаш спаѓаат во „ит“ аксесоари, односно тие ќе се носат и ова лето. За да ја разбиете монотонијата во својот изглед, ве советуваме да изберете лак во некоја силна, неонска боја која претставува тотална спротивност на црните сандали и сведената комбинација.

4-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

4. Елегантни бели сандали

Розовата боја и светкавиот лак претставуваат совршена комбинација со шик белите сандали. На овој начин во прв план ќе го истакнете својот избор на обувки, но и ќе додадете нота на гламур.

5-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

5. Сандали со животински принт

Преубав, светло црвен лак изгледа магично во комбинација со сандалите со животински дезени.

6-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

6. Сандали во неутрални бои

Кога станува збор за сандалите во неутрална, беж боја, тогаш бидете сигурни дека имате безбројни можности, односно можете да носите цел спектар бои. Единствено на што би требало да обрнете внимание се различните техники на украсување на ноктите кои не се пожелни. Држете се до едноставноста.

7-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_

7. Сандали со силна боја

Бел лак со седеф кој се прелива во тоновите на скапоцениот камен опал, ќе ги освежи вашите нокти и сјајно ќе се вклопи со обувките со силни бои.

8-celosen-vodich-kako-da-go-izberete-vistinskiot-lak-za-nokti-spored-tipot-na-obuvki-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар