КАФЕ ПАУЗА

Како да изградите минималистички моден стил?

Како да изградите минималистички стил?

Минимализмот е тренд кој трае веќе неколку години и опфаќа неколку различни категории – од мода до убавина, па сè до начин на живот. Но, што значи да имате минималистички гардеробер? Станува збор за едноставност… Размислете за класичните, скроени силуети во неколку неутрални бои.rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnОвој стил има многу предности, а една од нив е и штедењето време во утринските часови, во кои настанува паника и се појавува прашањето „Што да облечам?“ Поради неутралните бои, секое парче гардероба може да се комбинира меѓусебно, што ви овозможува да имате голем број различни комбинации.rnrnКолку помалку колоритна облека имате, толку полесно ќе ви биде да се справите со неа. Исто така, не е лошо да ја подготвите облеката уште од претходната вечер, за да заштедите наутро повеќе време. На овој начин ќе заштедите и пари, нема постојано да купувате нови парчиња бидејќи ќе ви бидат доволни само неколку маици, панталони и други додатоци.rnrnДали треба да го испробате ваквиот стил на облекување и како? Дознајте во продолжение:rn

Исчистете го и средете го вашиот плакар

rnЗа почеток, треба да го отстраните вишокот работи кои не сте ги носеле подолго време или пак кои не ви се допаѓаат повеќе. Ставете ја целата облека на креветот, а потоа распределете ја во 3 категории: „задржи“, „фрли“ и „донирај“. Фокусирајте се на облеката во која се чувствувате удобно и која може да ја носите многу често, а сепак да не изгледа старо и износено.rn

Држете се до основните парчиња

rnСледно што треба да направите е да го дополните вашиот гардеробер со основните парчиња:rn

    rn 011

  • Бела маица
  • rn 011

  • Тегет блејзер
  • rn 011

  • Здолниште со А-крој
  • rn 011

  • Темни фармерки
  • rn 011

  • Бела кошула
  • rn 011

  • Ров мантил во беж нијанса
  • rn 011

  • Црни панталони
  • rn 011

  • Свилена маица на прерамки
  • rn 011

  • Тексас јакна
  • rn 011

  • Блуза со пруги
  • rn 011

  • Бели панталони
  • rn 011

  • Мал црн фустан
  • rn 011

  • Џемпер
  • rn

rn

Побарајте инспирација

rnДоколку сте нови во овој минималистички тренд, можеби ќе ви биде малку тешко да смислите што да носите. Затоа, социјалните мрежи се тука да ви помогнат. Еве неколку предлози од нас:rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnКако да изградите минималистички стил?rnrnПогледнете ги и овие летни модни трендови кои се враќаат на голема врата.