Врвен водич за совршен пилинг на целото тело
Можеби не знаевте, но во третманот за пилинг има многу повеќе отколку што можете да замислите. Освен секојдневните активности насочени кон одржување на убавината на кожата, барем еднаш неделно би требало да ѝ допуштите додатна нега, а токму пилингот е тој кој е заслужен да имате нежна, сјајна и негувана кожа. Причината за тоа е што веднаш по овој третман нашата кожа станува мазна и блескава. Доколку сакате да ја подготвите за летото, направете го тоа со пилинг од глава до пети. Ви претставуваме сјајни совети, кои ќе ви помогнат да го направите тоа на најдобриот можен начин.
За правилен пилинг на целото тело потребни ви се:
- Пилинг средство за чистење
- Сунѓер, четка со сунѓер или ракавица
- Камен за стапала
- Лосион за тело
Постапката е следна:
1. Пред да започнете со туширањето, со помош на ракавицата или сунѓерот поминете низ целото тело за да ја отстраните сувата кожа. На тој начин, кожата ќе биде подготвена за пилинг, но немојте да го правите тоа доколку имате изгореници од сонце, отворени рани или исеченици.
2. Започнете со туширање од глава до пети.
3. Земете го каменот за стапала за да ги отстраните сите тврди делови од стапалата. Доколку е потребно, потопете ги нозете во топла вода измешана со чаша млеко, 30 минути пред туширањето.
4. На ракавицата нанесете средство за пилинг. Започнете од нозете, па со кружни движења качувајте се кон рамената. Кога ќе бидете околу бикини зоната, бидете доста внимателни, бидејќи на ова место, кожата е многу чувствителна.
5. Кога ќе стигнете до вратот, заменете го производот за пилинг на телото со оној кој е наменет исклучително за лице. Исто така, немојте да бидете премногу груби, а особено избегнувајте го делот околу очите и воспалените места.
6. Не заборавајте ги рацете на кои исто така им е потребен квалитетен пилинг.
7. Измијте се со млака вода, намалувајќи ја кон ладна, онолку колку што можете да издржите.
8. Кога ќе завршите со туширањето, нанесете лосион за тело. Идеални лосиони се оние кои ја хидридаат кожата и кои содржат алфа и бета хидрокси киселини, бидејќи и по нанесувањето продолжуваат да ја отстрануваат мртвата кожа.
9. Користете хидратантно млеко за тело секојдневно, бидејќи најубавата кожа е токму онаа која е мека и хидрирана.
Убавата и негувана кожа не е недостапна, па затоа уште во првата прилика направете пилинг и не заборавајте дека не смеете да го практикувате повеќе од два пати неделно!