3 пијалаци кои ќе ви помогнат подобро да заспиете и да се ослободите од вишокот килограми

Сподели

Немирниот и плиток сон има силно влијание врз состојбата на нашиот организам. Токму поради тоа неспиењето е поврзано се дебелеење и зајакнување на апетитот, хормонални нарушувања, лошо расположение и покачено ниво шеќер. Освен стресот и разните здравствени проблеми, на сонот влијаат и секојдневните прехранбени навики, посебно храната и пијалаците кои ги консумираме пред спиење.

Реклама
Реклама

Познато е дека пиењето пијалаци кои содржат кофеин и големи количини шеќер пред спиење може да предизвика несоница. Но, исто така постојат и пијалаци кои имаат сосема спротивен ефект и освен што можат значително да го подобрат спиењето, го регулираат нивото на шеќерот во крвта и можат да ви помогнат да ги согорите маснотиите во телото.rn

Реклама
Реклама

1. Млеко

rnМлекото се користи како своевиден апаурин пред спиење уште од памтивек. Тоа може да ви помогне подобро и побрзо да заспиете, а добриот сон значи и помал апетит. Исто така, оние личности кои се физички активни ќе имаат голема корист од протеините од млекото кои бавно се разградуваат и го хранат мускулното, а не масното ткиво.

Резултат: Поефикасно ослободување од непотребните и штетни масти.rn

Реклама

2. Чај од камилица

rnШолја топол чај од камилица пред спиење делува како средство за смирување. Камилицата го поттикнува создавањето на глицинот – невротрансмитер кој го опушта нервниот систем и делува како благ седатив. Чајот од камилица ја регулира и телесната температура и нивото на шеќер во крвта.

Резултат: Опуштено тело, мирен дух и брз метаболизам.rn

3. Сок од грејпфрут

rnИако овошните сокови не се препорачуваат пред спиење, сокот од грејпфрут е исклучок. Само 100 милилитри од овој природен сок може да ви помогне дури и во текот на ноќта да ги согорувате маснотиите. Горчливиот пијалак го регулира биолошкиот дневен ритам, а антиоксидансите од плодот ја претвораат белата маснотија која ги собира калориите во кафеава маснотија која ги троши калориите.

Резултат: Поголема енергија, засилено трошење калории и намалување на масното ткиво.

Најново

Може ќе ве интересира