6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

„Се гледаш ли со некого?“ е прашање чиј одговор е или насмеано „да“ или непријатно „не“. Тешко е да се најде партнер. Да се најде вистинскиот партнер е уште потешко. Мора да поминете низ голем број неуспешни први љубовни состаноци додека да ги најдете оние кои ќе доведат до вториот. Дури и тогаш, повеќето не водат многу далеку. Иако понекогаш е здодевно да се биде сингл, има и една позитивна страна тука, а тоа е онаа фаза кога имате силни емоции, но сè уште не сте заљубени. Кој не го сака тоа чувство? Луѓето кон кои имате вакви емоции можат да ви го направат денот поубав само со помош на најобична насмевка. И потоа не престанувате да фантазирате за тоа како би ви изгледал животот со нив. Во тој контекст, постојат неколку типови момци во кои секоја девојка се затрескува пред да го најде вистинскиот…

6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

1. Момчето кое е предобро за вас

Ова е класично затрескување во некој кој сметаме дека е премногу добар за нас и дека немаме шанси кај него. Можеби станува збор за најзгодното момче што некогаш сте го виделе или за најталентираниот музичар што сте го слушнале. Факт е дека сите сме се затрескале во некој кој направил да се чувствуваме инфериорни. Токму затоа не се осмелуваме да направиме ништо во врска со нив, туку целосно се препуштаме на фантазијата.

2. Момчето кое ја преминува границата

Многу девојки не признаваат дека им се има случено ова. Станува збор за затрескување во поранешното момче на најдобрата пријателка, или нејзиниот брат. Тоа е некој за кој е јасно дека не смее да се зема предвид и таквата врска е најстрого забранета. Знаете дека ова момче ја преминува границата, но потајно фантазирате за него и се надевате дека нема да бидете откриени. Ова е уште повозбудливо затоа што се чувствувате како бунтовник.

3. Момчето кај кое сте имале шанси, но не сте презеле ништо

Сите ние сме се затрескале во некого кому не сме се осмелиле да му ги признаеме чувствата. Најчесто се работи за некој добар пријател и не сакате да го уништите вашето пријателство. Ова се случува кога ви се допаѓа некој, но не доволно за да ризикувате да започнете врска со него. Сакате да ја задржите оваа личност во вашиот живот, бидејќи повеќе ја сметате за пријател отколку за ваш потенцијален партнер.

6 типови момци во кои секоја девојка ќе се затреска пред да ја пронајде вистинската љубов

4. Момчето покрај кое се чувствувате како најголеми идиоти

Затрескувањето во овој тип момче на сите ни е многу добро познато. Секогаш кога ќе го видите, просто заборавате како да стоите. Кога ќе ви прозбори, се однесувате како мачка да ви го голтнала јазикот и кажувате бесмислени глупости, или, пак, неконтролирано се смеете. Откако тој ќе си замине сакате да пропаднете во земја од срам. Ова момче го ставате толку високо на пиедестал што целосно заборавате дека тој е само човек. Толку многу ви се допаѓа, што не можете да функционирате нормално.

5. Момчето кое не можете да сфатите зошто ви се допаѓа

Ова е најзбунувачкото затрескување и најчесто се случува кога одбивате да признаете дека ви се допаѓа некој затоа што се работи за ваш противник или затоа што сметате дека вие двајца воопшто не си одговарате. Но, сепак ви се допаѓа. Постои тензија која не можете да ја игнорирате без разлика колку се трудите. Не му обрнувајте внимание на ова затрескување и оставете го да ви помине.

6. Момчето во кое сте затрескани од детството

Сте пораснале затрескани во ова момче. Додека сте растеле, тој бил главната тема на разговор со вашите другарки и секогаш кога сте го споменувале неговото име, тие негодувале со зборовите „Пак ли за него?!“. Интересно е што вие толку долго сте затрескани во него, што целосно имате заборавено и што ви се допаѓало кај оваа личност. Можеби и затоа веќе ви станало здодевно.

Поголемиот дел од затрескувањата траат кратко. Тие доаѓаат и си одат побрзо отколку што можете да си замислите. Поради нив вие се чувствувате бунтовнички, убаво, паметно и како повторно да сте средношколки. Ова е прекрасно чувство кое треба да го прифатите во целост!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар