КАФЕ ПАУЗА

Филм: Сан Андреас (San Andreas)

Written by

in

,
По застрашувачки земјотрес во Калифорнија, еден пилот на хеликоптер заедно со својата бивша сопруга тргнуваат во потрага по нивната ќерка

rnФилм: Сан Андреас (San Andreas)Режија: Бред ПејтонrnrnУлоги: Двејн Џонсон, Карла Гугино, Александра ДадариоrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 мај 2015rnrnЖанр: акција, драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИнтересно е колку многу се луѓето фасцинирани од уништувањето на планетата. Особено ако тоа доаѓа природно. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што дел од најпопуларните филмови вклучуваат масовно уништување и соочување со апокалиптични сценарија од библиски пропорции. Токму овој филм е еден од тие. Станува збор за брза акција, каде што во секој момент нова опасност излегува од зад следниот агол и води чекор понапред кон безнадежност за спас. Но, тоа веднаш се менува кога главните ликови, поточно херои, носат бестрашни и храбри одлуки кои им даваат барем уште една шанса за преживување.rnrn(1) Филм: Сан Андреас (San Andreas) (2) Филм: Сан Андреас (San Andreas)rnrnБидејќи филмот се врти околу ликот кој го толкува Двејн Џонсон, веднаш можете да претпоставите дека станува збор за одличен филм. Тој навистина знае да направи добар избор кога одбира филмови. Приказната започнува со еден од најголемите и најзастрашувачките земјотреси со кои Калифорнија, па и светот некогаш се соочил. Самиот земјотрес предизвикал огромна штета, но проблемите не завршуваат таму. По него следат голем број помали земјотреси, повторно со застрашувачка моќ, како и други проблеми кои дополнително ја влошуваат ситуацијата, доведувајќи ги жителите на оваа област во смртоносна позиција. Со неколку зборови, филмот е толку брз и динамичен, што воопшто нема ни да забележите кога ќе помине.rnrn(3) Филм: Сан Андреас (San Andreas) (4) Филм: Сан Андреас (San Andreas)