Сите ние го делиме искуството кога нашите родители бараа од нас да ги средиме собите, да го наместиме креветот, да се контролираме со изговорот, да бидеме културни и да си легнуваме порано. Колективно, уште кога бевме малечки, нашите родители ни велеа дека неуредноста и погрдните зборови се лоши и треба да научиме како да ги избегнуваме.
Но, неколку научни студии направени изминатиов месец откриваат дека овие долги лекции, кои некогаш знаеја да траат и со часови, се всушност погрешни. Науката конечно ни даде нешто кое можеме да им го однесеме на родителите, а тоа да не биде лош евидентен лист. Истражувањата спроведени во неколку земји откриваат дека луѓето кои употребуваат погрдни зборови, сакаат понекогаш да останат будни до доцна во ноќта и имаат неуредни работни маси, соби, живеалишта се всушност поинтелигентни од останатите.
Па, доколку понекогаш случајно сте употребиле погрдни зборови пред своите родители, тоа не е затоа што сте биле тинејџерски бунтовник. Истражувањето покажало дека луѓето кои пцујат всушност имаат поголем и поопширен вокабулар од луѓето кои не употребуваат погрдни зборови и обично се посамоуверени.
Неуредните соби кои некогаш беа знак за неорганизиран и непродуктивен живот, можат да бидат знак на висок коефициент на интелигенција. Истражувачите откриле дека луѓето кои работат во неуредни средини односно работни маси имале покреативни и поинтересни идеи од останатите работници со организирани бироа и поголема желба да отстапат од неконвенционалните норми.
Нареден пат кога некој ќе ви каже да расчистите, учтиво кажете им дека кесичката од чипсот на вашата работна маса е потреба за подобро функционирање на вашиот креативен мозок.
И конечно, истражувањето покажало дека ноќните птици односно луѓето кои сакаат да останат будни до доцна во ноќта обично се многу поснаодливи и поспособни да добијат престижни работи, повисоки работни позиции и поголеми плати. Со други зборови, работи со кои можете да се пофалите на наредната годишнина од матура, каде сите ве памтат како детето кое секогаш спиеше на прв час.

