Само 3 состојки: Рецепт за „лажна“ карамела без шеќер

Сподели

Карамелата е смеса добиена со растворање шеќер на висока температура. Но, можете да добиете многу сличен вкус без да користите шеќер.

Реклама

За да подготвите „лажна“ карамела, користете меки урми и таан. Иако рецептот е многу едноставен, треба да имате предвид неколку детали. Ако немате меки урми на располагање, важно е да ги натопите во топла вода навечер за да ги омекнете. Ова е особено важно ако немате на располагање добар блендер.

За добра лажна карамела, исто така е важно да се користи и квалитетен таан. Постојат различни брендови на пазарот, кои во амбалажата кријат горчлива маса која наликува на парче глина. Наместо тоа, купете течни кои лесно може да се истурат.rn

Реклама

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 150 гр меки урми
  • rn 011

  • 3 лажици таан
  • rn 011

    Реклама
  • малку сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Во блендер ставете ги сите состојки и мешајте сè заедно додека не добиете смеса како карамела.

2. Во случај смесата да е тврда, можете да додадете малку вода или бадемово млеко.

3. Послужете со овошје, чоколадо или со лепчиња. Добар апетит!

Moжеби ќе сакате да го пробате и ова ледено лате со карамела.

Најново

Може ќе ве интересира