Нема да најдете поголема љубов од таа на овој хороскопски знак!

Нема да најдете поголема љубов од таа на овој хороскопски знак!

Луѓето родени во овој хороскопски знак не сакаат негативни луѓе и нивното опкружување мора да биде балансирано со добра енергија. Доколку постои некој конфликт, овој знак секогаш знае да ги смири работите. Но, многу често го нарекуваат и адвокатот на ѓаволот бидејќи не е пристрасен и не бира страни.

Нема да најдете поголема љубов од таа на овој хороскопски знак!

Секако дека станува збор за Вагата. Тие се веројатно најпријатните луѓе кои ќе ги запознаете во животот. Вагата е единствениот знак кој не е претставен со некое животно или човек. Неа ја претставува вага која очигледно е симбол на нејзината потреба за рамнотежа, ред и еднаквост. Ова се неколкуте причини поради кои останатите знаци од Зодијакот можат да ѝ завидуваат на Вагата…

Баланс

Луѓето воопшто не се двоумат да им се обратат кога имаат некаков проблем бидејќи тие знаат да ја согледаат приказната од секој можен агол. Се обидуваат да го разберат проблемот во целост пред да понудат совет. Вагите не можат да ветат дека ќе го решат секој можен проблем, но секогаш ќе ве сослушаат и ќе ви го дадат вниманието и емотивната поддршка кои ви се потребни во тој момент. Најмногу од сѐ што посакуваат Вагите е мир во светот кој и не е премногу мирољубив.

Шарм

Лесно е да ги сакате Вагите поради тоа што се многу шармантни. Тие знаат да направат секој да се чувствува интересен и важен. Многу се свесни за чувствата и емоциите на луѓето околу нив, но и за тоа какво влијание може да има нивното однесување и до какви последици можат да доведат нивните одлуки.

Вагите имаат одлична перцепција. Тие се стремат кон тоа да остварат долгорочни врски со луѓето и не сакаат лицемерни и површни луѓе. Тие ги судат луѓето според тоа каков е нивниот карактер, а не врз основа на нивниот надворешен изглед.

И покрај нивниот шарм, на Вагите им е многу тешко да кажуваат „не“ и многу често се наоѓаат себеси во стресни ситуации како последица од тоа што туѓите потреби ги ставаат пред сопствените. Сакаат да ги задоволат потребите на сите, но многу брзо сфаќаат дека не е возможно да ги сакаат баш сите.

Нема да најдете поголема љубов од таа на овој хороскопски знак!

Чувствителност

Вагите се многу чувствителни кога станува збор за луѓето околу нив и тоа ги прави одлични пријатели. Дури и кога се караат со некого, нивната харизма и добрина секогаш помагаат да се реши конфликтот. Вагата има челични нерви и многу е тешко да ја налутите, но ако дојде тоа, никогаш повеќе нема да ве гледа со исти очи.

Романтика

Вагите сакаат со целото свое срце. Ако сте доволно среќни да ја заслужите љубовта на Вагата, знајте дека вашето срце секогаш ќе биде заштитено во нивната топла прегратка. Тие сакаат нивниот партнер да знае колку ги ценат малите, но и грандиозните гестови. Љубовта на Вагата е најголемата љубов што некогаш би можеле да ја пронајдете. Ќе ви биде неверојатно верна и вашите потреби секогаш ќе ги става пред нејзините.

Вагите не веруваат во љубов на прв поглед. Тие се многу внимателни и не избрзуваат со сексуални односи бидејќи бараат долгорочни врски. Тие имаат многу обожаватели, но многу се пребирливи бидејќи имаат јасни критериуми и принципи од кои никако не отстапуваат. Вагата не ја одбира туку-така личноста на која ќе ѝ го отвори срцето. Сепак, понекогаш заборава дека не гледаат сите исто на љубовта и поради тоа често завршуваат со скршено срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар