Практичен трик кој ќе ви ги скрати маките: Како да ги проширите тесните чевли со вода?
Секоја жена барем еднаш во животот се соочила со проблемот тесни чевли. Ова е посебно случај со новите чевли кои треба најпрвин да се разгазат, а доколку се изработени од поцврста кожа, тогаш тоа може да предизвика непријатна болка и рани на стапалата. За среќа, постои решение за овој проблем, особено ако чевлите се изработени од природни материјали.
Сѐ што ви е потребно е вода и две пластични кеси кои можат да се затворат. Во нив ставете ¼ вода, наместете ги во чевлите и потоа ставете ги во фрижидер. Кога водата ќе замрзне, извадете ги чевлите од фрижидерот и почекајте околу 20 минути, додека да се стопи мразот. Извадете ги кесичките и доколку е потребно, исушете ги чевлите со фен.
Освен за чевли, овој трик е одличен и за кожната облека и може да ја рашири за 1 конфекциски број. Се разбира, може да се примени и на вештачка кожа, но таа има тенденција повторно да се враќа во првобитната состојба, така што ќе мора неколку пати да го повторите процесот, на одредено време.