Ова маче е најслаткиот морнар на бродот
Мачињата се познати по тоа што не го сакаат баш времето за капење и водата, но ако се земе за пример ова слатко маченце, тогаш големите, длабоки мориња не им претставуваат никаков проблем. Уште од 2008-та година, персиското маче Сејлор (анг. морнар) е член на екипажот на руски туристички брод кој плови од Москва до Санкт Петербург.
Тој својот престој го заслужува „работејќи“ со капетанот Владимир Котин и дури има своја униформа за да го докаже тоа. Сејлор има мал декориран костум со шапка и секоја вечер ја чува капетанската кабина од полноќ, па сѐ до 4 часот наутро.
Сејлор е веројатно најслаткиот морнар кој некогаш пловел, што му дава на бродот за крстарење една интересна туристичка атракција, бидејќи патниците едвај чекаат да го видат. Но, тој не е единственото маче на бродот. Тој има и свое другарче – Ботсвејн, кој е неговиот прв ортак и носи маичка на риги и морнарска капа. Иако одлично се согласуваат, Ботсвејн е мрзлив и често може да се забележи како дреме во некој агол.