Модерни жени од Африка се облекуваат во традиционалната облека на нивните предци
Предците, културата и традицијата се 3 работи кои денес за жал сè помалку се помнат и почитуваат. Чувствувајќи се и самата оддалечена од своите корени, фотографката Јоана Кумали која доаѓа од Брегот на Слоновата Коска решила да фотографира модерни и софистицирани жени од Африка кои позираат облечени во традиционалната облека на нивните предци. Прекрасните фотографии се доказ за уште поубавите и богати култури кои некогаш постоеле на тие предели.
Секоја фотографија раскажува приказна за различна култура, а фустаните кои девојките ги носат се истите фустани кои ги носеле и нивните баби неколку децении претходно. Погледнете…