Зошто базите во боја се важни за совршен изглед на вашето лице?

Зошто базите во боја се важни за совршен изглед на вашето лице?

Пред да кликнете на овој наслов, можеби сте помислиле „Ох, не, уште еден чекор во шминкањето кој морам да го направам!“, меѓутоа навистина имаме добра причина зошто ја споделуваме со вас оваа златна информација. Всушност, можете да заштедите во користењето на течната пудра, бидејќи она што овие бази го прават е навистина сјајно. Погледнете за што се работи.

1-zoshto-bazite-vo-boja-se-vazhni-za-sovrsheno-lice-www.kafepauza.mk_

1. Розова база

Доколку додадете розова база во вашата течна пудра или ја нанесете под неа, вашата кожа ќе заблеска и апсолутно ќе нема видливи траги од замор.

2-zoshto-bazite-vo-boja-se-vazhni-za-sovrsheno-lice-www.kafepauza.mk_

2. Виолетова база

На лицето, и тоа она уморното, честопати се забележуваат жолти дамки, кои нè прават помалку атрактивни. Базата во виолетова боја ќе го неутрализира сето тоа и најдобро би било да нанесете малку од неа под течната пудра, особено на челото, околу носот и на брадата.

3-zoshto-bazite-vo-boja-se-vazhni-za-sovrsheno-lice-www.kafepauza.mk_

3. Зелена база

Без разлика какво црвенило имате на лицето, дали тоа се акни, капилари или дамки, зелената база, како и коректорот, успешно ќе ги неутрализира сите тие и ќе ја припреми кожата за нанесување течна пудра.

4-zoshto-bazite-vo-boja-se-vazhni-za-sovrsheno-lice-www.kafepauza.mk_

4. База во боја на праска

Базата во боја на праска е сјајна за натурализирање на темните дамки и пеги, меѓутоа, може да ја користат само оние со посветла кожа. Сите оние со потемна кожа би требало да побараат појака нијанса, која потсетува на портокалово, па дури и на црвено.

5-zoshto-bazite-vo-boja-se-vazhni-za-sovrsheno-lice-www.kafepauza.mk_

Сега кога знаете која база, кој проблем го решава, ќе ви биде полесно да ја изберете вистинската нијанса за себе и со сигурност ќе забележите голема разлика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар