КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба да додавате вотка во тестото за пита и пица?

Имаме многу важни новости за вас, кои целосно можат да ви го променат животот (во поглед на питите и пиците!). Доколку сакате да добиете тесто кое едноставно се топи во вашата уста, сè што е потребно е да додадете само една тајна состојка во смесата. Станува збор за вотката.rnrnЗошто треба да додавате вотка во тестото за пита и пица?rnrnВотката влијае врз тестото на овој начин поради 2 причини. Најпрво, ја прави смесата повлажна, а со тоа и полесна за работа. Како второ, етанолот во неа го спречува глутенот од брашното да се сврзува, резултирајќи со помеко тесто кое едноставно се топи во вашата уста.rnrnВо случај да се прашувавте, алкохолот се губи во готвењето, па нема потреба да се грижите дека тестото ќе има чуден вкус или пак, дека вашите деца ќе се опијанат. Оваа тајна состојка носи само позитивни промени, овозможувајќи ви ги највкусните пица или пита кои некогаш сте ги пробале.