Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Ако сте жена која бара работа во средновековна Англија, во 19-ти век во Лондон, во периодот Едо во Јапонија или во античка Месопотамија, ние имаме понуди за вас! Познато е дека низ историјата жените немале многу опции за работа или, пак, воопшто немале право да работат. Со индустрискиот развој, некои професии кои се сметале за типично женски полека исчезнале, што се добри вести освен ако не сакате да имате работа каде што ќе бидете касани од пијавици, отруени од фосфор или обвинети за прдењето на благородните жени. Во одредени периоди од минатото, сите овие професии биле сметани за типично женски.

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

И во денешни времиња постои полова дискриминација на работното место, но сепак постигнат е значаен напредок. Тешките и одвратни работи сè уште се дел од животот на жените, за жал. Од жените се очекува да бидат целосно одговорни за домашните обврски, готвењето и одгледувањето на децата кога ќе се вратат дома од работа. Но, мора да го имаме предвид фактот дека историски гледано, жените честопати имале работа која била понижувачка и не била воопшто вреднувана. Во тој контекст ова се некои од најодвратните, најсмртоносните и најпонижувачките професии кои ги имале жените и кои за среќа повеќе не постојат во ниту еден дел од светот…

Девојката со кибритчињата

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Развојот на индустријата за производство на кибрит во раниот 20-ти век, подразбирала рачна изработка на овие мали чкорчиња, односно рачно натопување на мали стапчиња во раствор од фосфор. Тоа значи дека девојките со кибритчињата, односно илјадниците кутри девојки кои произведувале и продавале кибрит на лондонските улици од 1840 година до почетокот на Првата светска војна биле изложени на голема количина бел фосфор, што не е баш добро по здравјето.

Луѓето кои вдишуваат многу фосфор, може да развијат нешто што се нарекува „фосфорна вилица“, а тоа значи забрзано отекување на непцата и вилицата што може да предизвика сериозен деформитет на лицето, мозочно оштетување и смрт. За да биде ужасот уште поголем, понекогаш доаѓало и до светење на виличната коска во темница. 200 млади девојки штрајкувале во Лондон во 1888 година за да ја подигнат свеста на народот за овој проблем и да привлечат внимание од јавноста, што се покажало како успешно.

Медицинска сестра – доилка

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Во средновековна и ренесансна Европа, постоел обичај жените од пониските класи да ги дојат новороденчињата на благородните дами, бидејќи верувале дека мајките може да настрадаат и да си го нарушат здравјето по траумата предизвикана од породувањето. Благородните фамилии многу внимавале при изборот на доилката не само затоа што таа била одговорна за нивното дете, туку затоа што мислеле дека сè може да биде пренесено преку млекото, од интелект до класа. Треба да се земе предвид фактот дека жените кои го давале нивното млеко, веќе имале свое дете.

Во овој период, доилките биле под голем притисок да не се однесуваат подобро спрема нивното сопствено дете. Во овој случај тие никако не можеле да победат: Ако го запостават нивното дете ги сметале за монструми, но ако го запостават благородното дете биле алчни и нелојални. Исто така, биле обвинувани за случајно гушење на бебињата, за голем број болести и многу други гревови. И сè тоа само затоа што благородничките не можеле да се заморуваат со тоа да си ги хранат децата!

Колектор на пијавици

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Пијавиците имале многу важна улога во медицината сè до 20-тиот век, затоа што докторите ги користеле за ублажување на симптомите на голем број различни заболувања. Поради тоа, освен ако немале мочуриште при рака, докторите зависеле од колекторите на пијавици кои обично биле жени. Но, животот на еден собирач на пијавици бил далеку од гламурозен.

На собирачите им била потребна мамка и обично користеле живи, постари животни или самите влегувале во водата и ги собирале пијавиците од нивните голи листови на нозете. Очигледно е дека оваа професија била многу ризична, бидејќи често доаѓало до губење многу крв, а пијавиците понекогаш биле заразни и предизвикувале инфекции.

Хеоибикуни

Одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе

Оваа професија можеби не е многу одвратна, но сепак е прилично понижувачка. За време на периодот Едо во Јапонија, од 1603 до 1868 година, благородничките од јапонската аристократија вработувале слугинки познати како хеоибикуни, чија главна обврска била постојано да ја придружуваат нивната господарка: Да ги носат нејзините работи, да ја придружуваат кога оди на посети, да ја подготвуваат нејзината облека и слични работи.

Но, хеоибикуните имале една посебна должност измислена со цел да се заштити нивната господарка од јавно понижување: Доколку благородничката прднела за време на некој јавен настан и тоа било забележано, хеоибикуните морале да ја преземат вината. Во тоа време, прдењето се сметало за многу срамна работа во високото јапонско општество. Хеобикуните биле буквално жртвени јагниња со цел да го заштитат достоинството на нивната господарка, особено за време на традиционалните настани. Веројатно сите останати знаеле дека слугинката намерно ја презема вината, така што никој всушност не верувал во тоа, но кои сме ние да судиме?!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар