Сте сретнале ли некогаш во животот некоја личноста која ве прави да се чувствувате како да сте единствените луѓе во собата – дека сте најинтересни и најпаметни од сите? Личност која сметате дека е создадена на Земјата само за да ве воодушевува и восхитува? Ваквите луѓе не прават само вие да се чувствувате посебно, туку сите кои зборуваат со нив.rnrn
rnrnТие имаат таква моќ да направат секој да помисли дека е најдобар и дека може да успее во сѐ. Која е нивната тајна? Во продолжение прочитајте ги 3-те главни состојки во нивната магична напивка со која ве тераат да се чувствувате онака како што се чувствувате кога сте со нив.rn
1. Знаат како да слушаат
rn
rnrnСо нив ќе се почувствувате смирено, сакано и слушнато. Тие се мирни слушатели кои ве гледаат директно во очите, ве слушаат внимателно и прават пауза пред да кимнат со главата или да ви одговорат. Нивното тело е свртено кон вас и тие навистина размислуваат за она што го споделувате со нив. Тие прават место за вас додека ги раскажувате своите искуства, емоции или идеи.rn
2. Вистински се грижат за другите
rn
rnrnЛуѓето кои сакаат да слушаат се често емпати кои имаат искрена желба да ве запознаат. Тие навистина се грижат за вашиот живот и за она што го мислите и го чувствуваат тоа што го чувствувате, рефлектирајќи го кон вас. Знаете дека се грижат за вас затоа што се сеќаваат на ситните детали за вашиот живот и ве потсетуваат на нив секогаш кога ќе се сретнете со нив.rn
3. Ги прославуваат вашите достигнувања
rn
rnrnОние кои знаат како добро да разговараат, сакаат да ги прославуваат вашите достигнувања. Тие кажуваат работи како: „Изгледаш среќно, кажи ми што има ново!“, „Тоа е неверојатно, напорно работеше за да ја оствариш целта“ или „Ти го можеш тоа!“ Секогаш е добро и позитивно да се слушне потврдување и конфирмација од луѓето кои ги сакате и цените. Охрабрувачки е да знаете дека сте упатени во вистинската насока.rnrnДоколку сакате и вие да правите вашите омилени личности да се чувствуваат најдобро кога се со вас, тогаш слушајте ги и дајте им до знаење дека вие навистина тоа го правите така што ќе ги гледате во очи и ќе бидете смирени. Рефлектирајте ги нивните искуства со тоа што ќе го осознаете она што го споделиле со вас. Дајте им поддршка. Кажете им дека тие можат да го остварат тоа што го замислиле.rnrnКога луѓето ќе се почувствуваат слушнато и поддржано, ќе сакаат да бидат покрај вас. Ќе им кажуваат на другите колку им е убаво кога се во ваша близина и тоа ќе го зголеми вашиот социјален круг. Лично или професионално, слушањето прави луѓето да се чувствуваат вредно и ценето, а тоа значи дека ќе ве ценат и вас.