Кога сте биле мали сигурно сте скокале јаже, а доколку редовно тренирате, можеби го користите и сега. Сепак, доколку сте заборавиле на него, со вас споделуваме 5 причини коишто ќе ве убедат дека скокањето јаже е нешто што секојдневно морате да го правите ако сакате да изгледате совршено.rnrn
rn
1. Можете да го користите кога било и каде било
rnДоколку сте почетник, вам ќе ви значат дури и 5 минути дневно. Можете да скокате дома, во парк, па дури и на паузата на работа (доколку ви дозволуваат условите). Јажето не зафаќа многу простор, а подоцна кога „ќе го фатите ритамот“ ќе можете да го користите колку што сакате.rn
2. Ова е најефикасната кардио вежба
rnИ 5 минути скокање ќе ви значат исто како да сте трчале речиси 1 километар, бидејќи срцето ќе ви работи побрзо.rn
3. Ќе бидете фокусирани на вежбата
rnКога скокате јаже, вие морате да бидете сконцентрирани на она што го правите, а колку повеќе имате концентрација, толку поправилно ќе ја правите оваа вежба.rnrn
rn
4. Оваа вежба е погодна за секој дел од телото
rnДоколку сакате да ги затегнете бутовите, скокајте во полу свиткана положба или пак правете нагли скокови. За стомачните мускули пак, свијте ги колената колку што можете, а за да ги обликувате вашите раце, можете при секој скок да го ротирате јажето 2 пати под телото.rn
5. Одлично е за вежбање во теретана
rnДодека вежбате во теретана, поголемиот дел од времето седите и сте фокусирани на мускулите, но потребно е да се посветите и на согорувањето калории со кардио вежби. Најдобриот начин да го сторите тоа е доколку почнете да скокате јаже измеѓу вежбите.rnrnПа, зошто да чекате? Веднаш набавете јаже, забавувајте се и обликувајте го вашето тело на најдобар начин!