45 лични прашања кои треба да ги поставите за да дознаете колку си одговарате

45 лични прашања кои треба да ги поставите за да дознаете колку си одговарате

На почетокот од секоја љубовна врска сè изгледа совршено, можете да разговарате со часови и се чини како никогаш да не можете да ги исцрпите сите теми на разговор. Имате заеднички интереси и веднаш се поврзавте на духовно ниво. Навидум совршено си одговарате и имате оптимистичко чувство дека врската ќе трае. Но, понекогаш нештата не се такви какви што изгледаат на површина. За да дознаете колку навистина си одговарате, клучно е да ги поставите следниве прашања на вашиот партнер…

45 лични прашања кои треба да ги поставите за да дознаете колку си одговарате

1. Каде се гледаш себеси за 5 години?

2. Кое животно искуство имало најголемо влијание на тебе?

3. Каков однос имаш со твоите родители?

4. Дали би бил со некој кој ги нема истите верувања како тебе?

5. Како би те опишал најдобриот пријател?

6. Дали обично го следиш срцето или разумот?

7. Кога би морал да избереш, кого би ставил на прво место: Семејството или пријателите?

8. Што научи од последната љубовна врска?

9. Што мислиш за запознавањето нови луѓе на Интернет?

10. Дали претпочиташ да се гледаш само со една личност и да видиш каде ќе оди тоа или да се гледаш со повеќе луѓе истовремено додека не донесеш одлука?

11. Кои одлики ги бараш кај личноста со која би сакал да остариш?

12. За што си најмногу благодарен во животот?

13. Кога би можел да промениш нешто од минатото, што би било тоа?

14. Што би сакал да смениш кај тебе денес и зошто?

15. Кога би отишол кај јасновидец за да ти ја предвиди иднината, што би сакал да знаеш?

16. Кога би знаел дека ти преостанува уште една година живот, што би променил?

17. Што би работел доколку парите не постоеја?

18. Како постапуваш кога нема да го добиеш она за што навистина напорно си работел?

19. Дали држиш лутина или опростуваш лесно?

20. Кои се твоите омилени цитати и како ги поврзуваш со себе?

21. Каде одиш кога ти треба инспирација?

22. Која е првата личност на која ѝ се јавуваш кога си во неволја?

45 лични прашања кои треба да ги поставите за да дознаете колку си одговарате

23. Кој измислен лик сметаш дека најмногу личи на тебе?

24. Која е најлудата работа што си ја направил?

25. Кога си заинтересиран за некого, дали сакаш да бидеш освојуван или ти да бидеш тој што ќе преземе иницијатива?

26. Кој е најдобриот совет што некогаш си го добил?

27. Кога би можел да се венчаш со која било личност во светот, која би била таа и зошто?

28. Дали мислиш дека признанијата ја прават врската посилна?

29. Дали некогаш си осудил некого поради мрачните тајни што ги споделил со тебе?

30. Како би изгледал твојот одмор од соништата и со кого би го поминал?

31. Што е тоа што отсекогаш си сакал да го направиш, но сè уште не си го прецртал од листата?

32. Дали би се откажал од сè за да започнеш живот во друга земја?

33. Дали би се преселил во име на љубовта?

34. Што мислиш: Дали поранешните партнери можат да останат пријатели?

35. Како искажуваш љубов?

36. Кога би можел да имаш една супермоќ, која би ја избрал?

37. За што најмногу се каеш во животот?

38. Кој е твојот идол?

39. Кој бил твојот омилен романтичен момент и зошто?

40. Кое е твоето омилено сеќавање од детството?

41. Дали сè уште си во контакт со твоите пријатели од детството?

42. Што правиш кога ќе се налутиш?

43. Дали веруваш во виша сила?

44. Дали веруваш во сродни души?

45. Колку време ти е потребно за да стекнеш доверба во некого?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар