Триесеттите години во животот на секоја жена означуваат еден вид пресвртница за неа. Тогаш го достигнуваат највисокото ниво на самодоверба, посигурни се во себе и знаат што сакаат. Секако, одредени несигурности се сè уште присутни, а со лекциите кои денес ви ги претставуваме после триесеттата година ќе се чувствувате подобро од кога било претходно.rnrn
rn
1. Негата на лицето вклучува повеќе одошто сте мислеле
rnКога нанесувате крема за лице, не смеете да ги занемарите вратот и деколтето. Без адекватна нега, овие делови од телото може предвремено да покажат знаци на стареење – кожата на нив ќе стане опуштена и безживотна.rn
2. Ова е најважен препарат за коса!
rnИако честопати го занемарувате, спрејот за заштита на косата од топлина е исклучително важен за здравјето и изгледот на вашата кожа. Со оглед на тоа дека ефектот од неговото користење не го забележувате веднаш, сигурно сметате дека воопшто не е важен, но верувајте дека грешите.rn
3. Сонот е клучен за убавина
rnСекако, веќе на сите ви е познато дека не треба да одите на спиење со шминка на лицето, но ова подразбира и адекватна нега на лицето. Всушност, ноќната крема и кремата за подрачјето околу очите се задолжителни и без нив не би требало да одите на спиење.rnrn
rn
4. Веѓите се „рамка“ на вашето лице
rnПотполнетите и нагласени веѓи не само што ќе го насочат вниманието кон вашите очи, туку и докажано прават да изгледате помладо. Користете молив за веѓи, гел, маскара или специјална сенка за веѓи и задолжително нагласете ги!rn
5. Заштитата од сонцето е најдобар производ против стареење
rnПоследиците и ефектите од сончевото зрачење на вашата кожа започнуваат да се манифестираат околу триесеттата година. Дамки, брчки и фини линии најпрво укажуваат на стареење на кожата, а нивната прерана појава можете да ја спречите со секојдневно користење препарати наменети за заштита од сонцето.rn
6. Не паничете поради седите влакна
rnВремето кога жените паничеа после појавувањето на првите седи влакна е далеку зад нас. Денес на располагање имаме голем број трајни и помалку трајни фарби за коса, кои совршено ги покриваат првите знаци на стареење на вашата коса.rn
7. Слободно мешајте ги мејкап производите
rnИако на пазарот ни се достапни многубројни производи за шминкање, можно е онаа една совршена нијанса, најдобра само за вас, едноставно да не постои. Сепак, ако помешате две пудри, најверојатно е дека ќе добиете задоволувачки резултат.rnrn
rn
8. Совладајте го нанесувањето на ајлајнерот
rnЗа вас имаме еден трик кој е наменет за секого. Всушност, наместо повлекување на прецизни линии, веднаш над горната линија на трепките нацртајте точки кои потоа ќе ги поврзете и на тој начин ќе добиете совршена линија.rn
9. Трик за одредување на патецот
rnИсто како веѓите, и патецот може да има големо влијание на тоа како изгледате. За како да одредите каде треба да го позиционирате патецот, покријте ја едната половина на лицето со А4 лист и добро погледнете се во огледалото. Направете го тоа и со другата половина и потоа одлучете што најмногу би сакале да нагласите.rn
10. Секој може да носи црвен кармин
rnКако што ќе ви поминуваат годините, сè повеќе ќе увидувате дека црвениот кармин е задолжителен во секоја козметичка торба. Тој е најбрз начин да изгледате гламурозно во секоја прилика.rnrn