КАФЕ ПАУЗА

20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги прави

Најдовте момче кое изгледа одлично, заработува добро и живее во прекрасен стан. Меѓутоа, овие работи воопшто немаат никакво значење кога станува збор за формирање здрава врска која ќе трае. Не дозволувајте да ве заслепат површните работи и да ја жртвувате вашата среќа за момче кое исполнува само дел од вашите замисли. Добро е да се биде флексибилен во врската, но постојат работи кои никако не смеете да ги трпите и оправдувате…rnrn20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги правиrn

1. Не го почитува вашето друштво и семејство

rnАко ве почитува вас, мора да ги почитува и вашите најблиски. Исто така, неверојатно себично е да морате да се отуѓите од луѓето што ви значат и да ви биде непријатно кога ќе се соберете сите заедно. Врската не постои само додека сте вие двајца сами.rn

2. Спомнува стари караници за да ви набие грижа на совест

rnМинатото треба да си остане во минатото, особено ако се користи како оружје во секојдневните караници што ги имате во текот на врската. Ако тој сè уште ви го вади низ нос моментот кога сте одлучиле да отпатувате без него, веројатно никогаш нема да престане да го спомнува тоа и веројатно сè уште ви нема простено.rn

3. Не се интересира како ви поминал денот

rnМалите работи како што е прашањето „Како ти помина денот?“, се оние што ве држат заедно и ја одржуваат врската. Треба да се грижите и двајцата еден за друг. Исто како што вие го прашувате како му поминал денот, така и тој треба да го прави истото за вас.rn

4. Заборава на работи што ви значат

rnНе мора да има совршена меморија, но ако се грижи за вас, ќе се грижи и за работите што ви значат. Кога сте со некого, тоа значи дека сте со сите негови интереси и тоа треба да важи и за двајцата. Не смеете да дозволите да пропушта настани кои вам ви се важни, освен ако нормално не се работи за оправдано отсуство.rn

5. Не прави да се чувствувате убаво во своја кожа

rnСекако дека треба да бидете самоуверени и надвор од врската, но тој треба да прави да се чувствувате најубаво и најпаметно кога сте со него. Тоа не може да се случи ако тој ве навредува и ве критикува на нетактичен начин.rn

6. Не ги негува истите вредности

rnОва вклучува сè од тоа дали и двајцата би сакале да имате деца, до вашите политички убедувања и работи кои сметате дека се навистина значајни. Не би сакале да поминете цел живот со вашиот партнер во караници за политика.rn

7. Не ги вреднува вашите искуства

rnКога сте имале навистина лош ден и сакате да споделите како некој ве навредил на работа или сте се скарале со вашата најдобра пријателка, тој треба да ве ислуша и да проба да сочувствува со вас. Никогаш не треба да ги потценува вашите проблеми и да ги смета за „типично женски“ или неважни.rn

8. Нема мотивација

rnСите ние имаме мрзливи денови, но животот не смее да биде низа мрзливи дена и тој не смее да очекува од вас да го бодрите во сè што (не) прави. Работната етика е многу значајна и привлечна. Тој треба да биде способен да ја одреди својата цел и да се стреми кон нејзиното остварување, а не да чека работите да му паднат од небо.rn

9. Не ве слуша

rnВие се обидувате да разговарате со него, а тој не престанува со играње игри на телефонот и не го ни тргнува погледот од телевизорот. Треба да знаете дека кога некој ве слуша внимателно, тоа значи дека ви искажува почит. Не ви треба некој кој не знае да ве почитува.rn

10. Смета дека треба да ве „поправи“

rnВие сте личност, а не проект. Во ред е врската да го извлекува најдоброто од вас и да се менувате на подобро, но само ако вие тоа го сакате, а не затоа што тој сака да ве претвори во личноста која ќе биде совршена само за него.rnrn20 работи кои никако не смеете да му дозволите да ви ги правиrn

11. Не прави компромис

rnСо тоа што тој одбива да биде флексибилен, сака да каже дека неговите мислења и планови се поважни од вашите, а тоа е најсебичното нешто што некој може да го направи. И двајцата би требало да сакате да се најдете на половина пат. На тој начин покажувате дека се грижите еден за друг и дека и двајцата сте еднакви во врската.rn

12. Прави да се чувствувате виновни ако си посветите време за себе

rnМоже да изгледа романтично тоа што тој секогаш сака да биде со вас, но ако се налути кога ќе посакате попладнето да го поминете на маникир или на ручек со вашите пријателки, тука не станува збор за романтика, туку за посесивност, а тоа не е ни здраво ни интересно.rn

13. Лесно станува љубоморен

rnАко станува параноичен секогаш кога сте во друштво на други мажи, тоа не е љубов, туку несигурност која на крајот само ќе ве повреди. Вистинскиот маж никогаш нема да побара од вас да се откажете од вашите машки пријатели за негово добро.rn

14. Не ве смее до солзи

rnВрските понекогаш се напорни, но поголемиот дел од времето би требало да бидат забавни. Не мора да изигрува кловн по секоја цена, но ако вашата чудна смисла за хумор одговара на неговата чудна смисла за хумор, тоа е знак дека вие двајца имате нешто што ќе трае.rn

15. Ви кажува навредливи работи и потоа не сака да разбере колку ве навредил

rnОва важи за што било, за сексистички, расистички, хомофобични забелешки и слично. Сите прават грешки, но важно е да се разбере грешката и да не се повторува.rn

16. Прави да се чувствувате виновни за работите во кои уживате

rnАко ве нарекува „празноглава шмизла“ само затоа што обожавате розова боја и со часови одбирате слика за на Инстаграм, заслужувате многу подобро. На сите ни е потребно многу време за конечно да сфатиме што сакаме и ако тој вашите интереси ги доведува до знак прашалник, не вреди да се трудите да го задржите.rn

17. Не ги задоволува вашите потреби во кревет

rnНемојте ни за момент да помислите дека сексот не е важен за здрава врска. Ако тој секогаш доживува оргазам, а вие само 30% од времето, тој воопшто не се грижи дали и вие уживате во сексот исто толку колку што тој ужива.rn

18. Прави да се чувствувате непријатно во јавност

rnДали тој одеднаш исчезнува од забавата на која сте дошле заедно без да ви каже? Или, пак, прави шеги на ваша сметка пред целото негово друштво? Нормално дека не треба да ви биде дадилка, но треба да се грижи за тоа секогаш да ви биде пријатно кога сте заедно.rn

19. Прави да се чувствувате како да не можете да преживеете без него

rnНајдобрите врски се оние изградени од две независни личности кои заедно функционираат одлично. И двајцата треба да бидете целосно формирани личности способни да функционираат независно една од друга.rn

20. Се сака себеси повеќе отколку што ве сака вас

rnЕдна работа е да се има самодоверба, но сосема друга е да се биде толку полн сам со себе што нема да има место за други луѓе. Треба да ве сака исто толку колку што се сака и себе, дури и понекогаш да ги става вашите потреби пред неговите ако тоа е потребно.