Па, од каде да почнеме? Има толку многу корисни апликации што се достапни и навистина е тешко да знаете што навистина ќе ви треба. Во продолжение следуваат 7-те апликации за Виндоус кои можеби сè уште ги немате откриено, а со сигурност ќе ви го олеснат секојдневниот живот.rnrn
rn
1. Khan Academy
rnKhan Academy ви овозможува да научите што и да посакате и тоа бесплатно. Библиотеката на оваа апликација содржи повеќе од 6.000 видеа и покрива огромен број области како математика, биологија, хемија, физика па дури и некои општествени науки со туторијали за финансии и историја.rnrn
rn
2. Aerize Optimizer
rnЗголемете го перформансот на вашиот уред со овој напреден чистач на меморија. Изграден е врз основан на докажани и тестирани техники на оптимизација и подобрувањето на перформансот на вашиот уред е гарантирано.rnrn
rn
3. Duolingo
rnНаучете шпански, француски, германски, португалски, италијански, ирски, холандски, дански и англиски. Забавно и бесплатно.rnrn
rn
4. PicsArt
rnКреативноста е повеќе од еден обичен филтер за фотографии. Оваа апликација ќе ве обезбеди со сите алатки потребни да ги уредувате фотографиите, фото колажите, да создавате дигитални цртежи и да комуницирате со други креативни луѓе кои решиле да се придружат на мисијата да го разубават светот. 250 милиони луѓе веќе ја имаат симнато оваа бесплатна апликација за моќно уредување на сликите и фото монтажите, благодарение на стотици алатки и ефекти кои можете да ги најдете само во професионални програми како Фотошоп. Оваа апликација ќе ве инспирира да создавате убави фотографии секогаш и секаде. Претворете ги вашите фотографии во уметнички дела и дозволете му на светот да ги открие!rnrn
rn
5. Seven – 7 Minute Workout Challenge
rnНе ви треба никаква опрема за вежбање, само неколку слободни минути на ден. Апликацијата се состои од забавни достигнувања и награди за да останете мотивирани. Ќе ви треба само столче, ѕид и вашата сопствена тежина. 7-минутната вежба се базира на научни студии и е дизајнирана на тој начин за да ја извлече максималната придобивка од редовното вежбање за најкраток можен период.rnrn
rn
6. WiFi Analyzer
rnОваа апликација ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите со Интернет мрежата и да го најдете најдоброто место за вашиот рутер со тоа што ќе го претвори вашиот уред во вистински аналитичар на безжичната мрежа.rnrn
rn
7. Sticky Notes 8
rnСо оваа апликација можете да пишувате белешки и да ги погледнувате набрзина на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Можете да закачувате белешки на почетниот екран, да пребарувате белешки и да додавате слики.rnrn