КАФЕ ПАУЗА

Mодел со „плус големина“ целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето тело

Погледнете како овој модел со плус големина целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето тело

Британскиот модел со „плус големина“, Оливија Кемпбел, која истовремено е и самохрана мајка, се ослободи од својот емотивен товар и се соблече по долна облека за време на интервју за проектот „Што лежи под површината“ – документарец во кој жените се соголуваат емотивно и физички пред камера.rnrnПогледнете како овој модел со плус големина целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrn

„Според мене, нема ништо лошо во тоа да се биде подебел“, вели Кемпбел во нејзиното разголено интервју кое на моменти е исполнето со солзи. „Јас сум дебела. Јас навистина сум дебела“, вели Оливија додека ги покажува своите бутови и го соблекува палтото како да сака да докаже нешто. „Тоа е само една обична описна придавка.“

rnНо, Кемпбел не се чувствувала отсекогаш толку удобно во своја кожа.rn

„Со години тоа беше најлошото нешто што некој можеше да ми го каже“, вели таа потсетувајќи се на периодот кога имала 11 години и момчето во кое била вљубена ја нарекувало бафало.

rnПогледнете како овој модел со плус големина целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrnrnТаа го напуштила училиштето кога имала 15 години за да се заштити од сексуалното и емотивното малтретирање од страна на нејзините соученици. За Кемпбел, тоа бил најтешкиот период од нејзиниот живот бидејќи и нејзината мајка и нејзината маќеа истовремено дознале дека се болни од рак. Оваа несреќа ја поттикнала да си постави цел во животот, да се избори со депресијата и конечно да се прифати себеси онаква каква што е.rn

„Тие луѓе не допираат до мене сега“, вели таа додека емоциите почнуваат да ја надвладуваат. „Но, јас плачев и плачев со години и со години мислев дека сум безвредна и бескорисна. Зборовите се моќни, многу моќни, исто како делата.“

rnMодел со „плус големина“ целосно се соголува пред камерите и отворено зборува за своето телоrnrnСега гордо вооружена со висока самодоверба, овој модел нема воопшто намера да ослаби за да се вклопи во рамките на општествените стандарди за убавина.rn

„Веројатно би можела да го променам телото ако вежбам 13 часа на ден и јадам целер“, вели таа додека полека почнува да се соблекува. „Но, јас имам живот, јас сум мајка, имам попаметни работи за правење.“

rnСега Кемпбел го прифаќа она што го гледа во огледало, а што порано го одбегнувала.rn

„Поминувам гола покрај огледало, и си помислувам, браво!“

rnКемпбел го завршува интервјуто со зборовите:rn

„Јас уживам во моето тело, и уживам во моето лудило“.

rnПогледнете го неверојатното видео кое целосно ќе ви ја смени перспективата кон вашето тело…rnrn