Сигурно често сретнувате фотографии на Интернет каде што девојките се со венчиња од цвеќе во своите коси. И без сомнение доаѓате до заклучокот дека тие се идеален украс за главата во овие пролетни денови кога ќе се одлучите да облечете некој разнобоен фустан. Најдобро од сè е тоа што венчето со цветови можете да го направите и самите дома, а потребни ви се само три работи.rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Едноставно венче
- Вештачко цвеќе
- Лепило
rn011
rn011
rn
rn
rnrn1. Откинете ги цветовите од дршката и обидете се да ја отстраните целата пластика која се наоѓа под ливчињата, така што ќе ја оставите само онаа што ги држи заедно.rnrn
rnrn2. Нанесете лепило на средината на долниот дел од цветот, но најнапред избирајте поголеми цветови и лепете ги од средината, за конечниот изглед да има смисла.rnrn
rnrn3. Избирајте ги боите кои ги сакате. За да не погрешите, пред да започнете да ги лепите цветовите, наредете ги над венчето за да се уверите дека крајниот резултат ќе ви се допадне, но и да знаете каде ќе го залепите секој цвет.rnrn
rnrn4. Кога ќе го залепите целото цвеќе, додадете листови на оние места каде што има празнини и непокриени делови од венчето. За да го направите овој пролетен моден додаток ќе ви бидат потребни 20 минути, па доколку имате уште едно венче и преостанато цвеќе, зошто да не би ја израдувале и најдобрата пријателка?rnrn
rnrnИсто така, овие венчиња се одлични за моминска вечер, родендени и други забави под ведро небо. Сега кога ја знаете основата, веруваме дека креативецот во вас ќе се разбуди и ќе смислите уште некој интересен украс за коса.rnrn
