КАФЕ ПАУЗА

Зошто авионите оставаат бели траги на небото?

Сигурно како малечки сте обожавале да гледате како поминува авион на небото кој остава една долга, бела трага зад себе и да си посакате желба. Но, сте се запрашале ли некогаш како тие траги се формираат и од што всушност се состојат? Во продолжение прочитајте како науката за воздухопловството го објаснува овој интересен феномен.rnrnЗошто авионите оставаат бели траги на небото?rnrnОдговорот на прашањето се наоѓа во книгата „Cockpit Confidential: Everything You Need to Know About Air Travel“ (Доверливи информации за пилотската кабина: Сѐ што треба да знаете за воздушниот сообраќај) напишана од еден од најискусните авионски пилоти – Патрик Смит.rnrn„Трагите се формираат кога влажните издувни гасови кондензираат во ледени кристали во ладниот воздух од погорните нивоа. Нешто слично на чадот кој излегува кога ќе се издишите во зима. Трагите всушност можат да се наречат облаци. Испарената вода, колку и да звучи чудно, е биолошки продукт од согорувањето во моторите, од каде што потекнува влажноста. Дали ќе се формира една трага зависи од височината и амбиентската атмосферска ‘шминка’ – температурата и она што се нарекува воден притисок“, пишува Патрик.rnrnТокму на овој начин се формираат трагите кои кондензираат и потоа се прошируваат во бели облаци составени од ситни кристали на мраз.