Оние коишто сакаат да учат или пак работат надвор од своите градови, во повеќето случаи треба да живеат со цимери. Тоа може да бидат одредени познаници или пријатели, а неретко може да бидат и тотални странци. Доколку и вие се наоѓате во ситуација каде што треба да живеете со непознати, погледнете ги придобивките коишто ќе ги добиете со нивното присуство.
rn
1. Ќе научите да комуницирате и зборувате на здрав начин
rnВашето семејство ве знае од раѓање, па затоа, во многу случаи при комуницирањето тие ќе го разберат говорот на телото или пак оние работи коишто нема да ги кажете. Дури и долгорочните пријатели би ве разбирале на сличен начин. Но, кога ќе одлучите да живеете со непознати, вие ќе го немате овој луксуз. Секогаш кога ќе бидете изнервирани од нешто, вие ќе морате да го кажете тоа, затоа што не постои друг начин на којшто непознатите личности би ве сфатиле.rn
2. Ќе го проширите кругот на познаници
rnАко продолжите да живеете на исто место и да ги правите истите работи, најверојатно ќе продолжите да ги гледате и истите луѓе. Ако сакате да запознаете нови луѓе и да добивате нови идеи, непознатите цимери најдобро ќе ве интегрираат во нова група луѓе.rn
3. Ќе заштедите пари и ќе живеете на место што инаку не би можеле да си го дозволите
rnУште една позитивна работа којашто ќе ја искусите доколку се преселувате да живеете со непознати цимери е тоа што на крајот од секој месец вие ќе имате екстра кеш во вашиот паричник.
rn
4. Ќе научите што ви е навистина потребно за да преживеете
rnПри живеењето со цимери најверојатно вие ќе треба да приговарате околу заедничкиот простор и колку од вашите работи ќе можете да ги вметнете во новиот дом. На овој начин ќе морате да селектирате работи коишто и не ви се од суштинско значење за да преживеете. Ќе бидете изненадени од овие резултати.rn
5. Ќе научите како да се дружите со луѓе коишто не ви се пријатели
rnВештината да бидете пријателски настроени кон луѓе кои не ги познавате (и од кои сакате да бидете на растојание) е нешто што ќе ви помогне во понатамошните дефинирања на вашите деловни односи. Ќе морате да научите како да се однесувате со луѓето без да ги знаете сите детали од нивниот живот. Оваа вештина не се добива лесно, а е потребна во многу ситуации.

