Кога на етикетата ќе видите ознака „хемиско чистење“, повеќето би избегнувале тоа парче облека да го носат повеќе од еднаш, за да не би морале да го перат. Сепак, кога имате облека која и не е баш евтина, сигурно нема едноставно да ја ставите во машината за перење. За облеката да ви остане сочувана, потребно е да знаете како да ја перете. Откријте дали тоа го правите на вистинскиот начин!rnrn
rn
1. Читајте што пишува на етикетата
rnПостои причина зошто некои работи мора да ги перете само на 30 степени, а некои можете и на 60. Така, дел од вашата облека би се уништила доколку ја перете во машина за перење, наместо рачно.rn
2. Омекнувачот за алишта навистина помага
rnОмекнувачот за алишта го прави истото што и балсамот го прави за вашата коса – тој се погрижува вашата облека да биде поубава и подобро да мириса. Исто така постојат и омекнувачи коишто помагаат исперената облека да ја врати бојата, па не двоумете се при неговото користење.rn
3. Нема потреба да ја перете облеката доколку сте ја носеле само еднаш
rnСекако дека блузата со којашто сте тренирале ќе ја ставите на перење веднаш штом се вратите дома, но фармерките, џемперите и кошулите слободно можете да ги носите и повеќе пати.rnrn
rn
4. Не мора да значи дека облеката ќе се собере при перењето
rnОсвен ако на етикетата не е назначено поинаку, не морате да се грижите дека вашата гардероба ќе се собере при перењето. Тоа повеќе би можело да се случи во машината за сушење алишта, па чувствителните парчиња облека не сушете ги на овој начин.rn
5. Кога ја сушите облеката не ставајте ја секогаш да виси
rnКога парчето облека е осетливо, внимавајте на кој начин ќе го сушите. Од штипките може да останат трагови, па затоа подобро е да ги сушите налегнати.rn
6. Кашмирот, свилата и полиестерот можете слободно да ги перете во машина
rnМатеријалите коишто ретко кој би ги ставил во машина за перење, може да се перат на овој начин, но на ниски температури. Сепак, внимавајте да не ги ставите заедно свилената блуза и панталоните од полиестер.rnrn
rnrnИако имаме среќа што живееме во време кога сепак не мораме сè да переме рачно, мораме да внимаваме како го правиме тоа, со цел облеката да ни остане убава подолго време.