Професионален спортист се враќа на ранчот каде што израснал, со цел да му помогне на својот татко да не го изгуби
rn
Главни улоги: Ештон Кучер, Дебра Вингер, Сем Елиот, Дени МастерсонrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Џим Патерсон и Дон РеоrnrnПремиера: 1 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИнтересно е да се видат Ештон Кучер и Дени Мастерсон повторно заедно на хумористичната сцена. Доколку ја имате гледано ТВ серијата „Луди 70-ти“, тогаш веќе знаете дека тие одлично функционираат како тим. Но, наместо пријатели, овој пат тие се браќа, кои работат на ранчот на нивниот татко и притоа лудо се забавуваат, користејќи хумор кој ќе ве насмее до солзи. Нивните интересни досетки и забавни шеги се само една причините поради која можете уште веднаш да претпоставите дека „Ранчот“ ќе биде успешна. Од друга страна пак, ги имаме и Дебра Вингер и Сем Елиот, односно нивните родители, кои се како измислени за ликовите кои ги толкуваат.rnrn
rnrnПриказната започнува со враќањето на Колт Бенет (Ештон Кучер) во домот од неговото детство. Тој е професионален спортист, кој сè уште го брка својот сон да успее во светот на американскиот фудбал. Иако има 34 години, убеден е дека пред него има доволно време за да се пробие како квотербек. Но, по само неколку часови со својот брат (Дени Мастерсон), татко (Сем Елиот) и мајка (Дебра Вингер), тој открива дека нивниот ранч полека пропаѓа и дека постојат големи шанси неговиот татко да го изгуби. Токму затоа и решава да се откаже од својот сон за да помогне во одржувањето на нивниот ранч. Тоа е и моментот кога неговиот живот конечно вистински ќе започне…rnrn

