Кога сте подолго време во врска, едноставно не можете да избегнете од одредени рутини кои од една страна ви го олеснуваат животот, но истовремено и ја задушуваат вашата љубов. Доколку не внимавате, вие можете толку многу да се разделите со вашиот партнер, што во еден момент нема да ви биде јасно која е личноста што лежи покрај вас, дури и покрај тоа што долго време сте заедно. За да не дозволите тоа да се случи, погледнете ја единствената рутина која ви е потребна во моментите пред да ги затворите очите и да заспиете…rnrn
rn
1. Легнувајте си во исто време
rnКога вашиот распоред за спиење не се совпаѓа, најчесто станува збор за избор, бидејќи еден од вас едноставно одлучува да остане до подоцна за да гледа телевизија или да работи, додека другиот исчезнува во темнината на спалната соба. Во здравата и силна љубовна врска постои чувство на поврзаност кога се наоѓате на истото место и во исто време. Доколку избегнувате да си легнувате заедно, тогаш големи се шансите дека ќе почнете да го губите ова чувство. Но, ако го применувате – вашата врска ќе стане поцврста од кога било претходно.rn
2. Откако ќе си легнете, тргнете ја целата електроника на страна
rnНе само што вашите омилени уреди ја нарушуваат РЕМ фазата од вашиот сон, тие исто така нудат и имитација на поврзаност. Моментите пред да заспиете се совршена можност за навистина да се поврзете со личноста која лежи крај вас, личноста во која сте заљубени и која сте одбрале да биде вашиот партнер. Токму затоа и тргнете го мобилниот уред што подалеку и фокусирајте се на вистинскиот човек до вас. Нека вашата спална соба биде засолниште, ослободено од целата бука на секојдневниот живот.rn
3. Збогатете ја тишината со тивок разговор
rnВие сте вечерале, сте ги пратиле децата во кревет и сте се наместиле удобно во прегратката на вашиот партнер, чекајќи сонот полека да ве освои. Но, зошто да седите во тишина, кога можете да го искористите ова време за квалитетен разговор со вашиот партнер? Доколку разговарате за изминатиот ден во удобноста на вашите пижами, вие без сомнение ќе се почувствувате полесно и сите проблеми кои ви изгледале толку тешки во текот на денот, сега ќе ви делуваат како далечни и незначајни. Во тој момент ќе сфатите и дека единственото нешто што навистина ви значи е личноста која лежи на перницата крај вас.rn
4. Предигра… Која започнува порано во текот на денот
rnНе мора да чекате да ја допрете перницата со вашата глава за да почнете со предиграта. Тоа што го прави сексот одличен е исчекувањето кое води до него. Доколку ја лимитирате вашата предигра на моментите пред да почне самиот однос, вие ќе се чувствувате под притисок набрзина да завршите со сè, притоа не оставајќи си простор да уживате во сексот. Тоа може да доведе до рутински сексуални активности кои завршуваат со заспивање, без никаква возбуда или страст во меѓувреме. Токму затоа и почнете со предиграта уште во текот на денот, можеби и додека сè уште сте на работа така што ќе му/ѝ пишете секси порака во која објаснувате што го/ја очекува вечерта кога ќе се видите. На овој начин вашиот партнер ќе се почувствува посакувано, а неговиот или нејзиниот одговор ќе ви го предизвика истото чувство и на вас.rn
5. Бакнувајте се за добра ноќ, секоја вечер без исклучок
rnЗавршете го денот со комбинација од физичка и емоционална интимност. Некои луѓе сакаат кога заспиваат близу до својот партнер, додека пак другите сакаат простор, па токму затоа и бакнежот е одличен и едноставен начин да се поврзете на крајот од секој ден. За жал оваа навика сè повеќе изумира, бидејќи се губи во брзината на секојдневието и ги претвора дури и најжешките врски во здодевни и монотони. Бакнувајте ги вашите љубени, со целото срце, бидејќи тоа е единствениот начин да ја задржите вашата поврзаност.