5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

Уште од мали нè учат дека забите треба да ги миеме три пати дневно, по секој оброк, и редовно да одиме на заболекар, најмалку два пати годишно. Исто така, се препорачува барем еднаш на ден да ги чистиме темелно со забен конец. На тој начин нема само да ја спречиме појавата на кариес и други забни заболувања, туку ќе го заштитиме и здравјето на секој орган од телото. Доколку не обрнувате многу внимание на оралната хигиена, овие 5 страшни работи што може да ви се случат ќе ве натераат веднаш да ја грабнете четката за заби:

5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

1. Стрес

Кај луѓето кои се постојано под притисок поради тоа што имаат напорна работа или се во врска која емоционално ги исцрпува, постои поголема веројатност да им се расипат забите. Во вакви случаи грижата за здравјето на забите треба да се сфати како време за одмор кој ќе ви даде оддишка по напорниот ден.

2. Дијабетес

Ако само еден ден не ги измиете забите, сигурно нема веднаш да се разболите, но сува уста и многу бактерии може да ги влошат заболувањата кои веќе постојат, како што е дијабетесот. Доколку имате предиспозиции за оваа болест, секогаш имајте забен конец и гума за џвакање без шеќер со вас, за во секое време да можете да ја исчистите усната празнина од остатоците од храна, кои би можеле да предизвикаат проблеми при регулацијата на шеќерот во крвта.

3. Психички проблеми

Вашиот мозок многу подобро ќе функционира кога ќе бидете постари, ако сега се грижите за здравјето во устата. Според некои истражувања, заболувањата на непцата предизвикани од лоша орална хигиена го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест и други слични ментални нарушувања кои се јавуваат подоцна во животот.

4. Остеопороза

Доколку се грижите за здравјето на вашите заби и јазик, вашите коски ќе бидат посилни. Барем оние кои се наоѓаат во устата. Според Националниот институт за здравје, премногу бактерии помеѓу образите можат да го уништат сврзното ткиво кое ги држи забите на место и да го ослабат имунитетот доколку навлезат во организмот. Остеопорозата која се јавува на постари години се смета за последица од лошата орална хигиена.

5 страшни работи што може да ви се случат доколку не ги миете забите редовно

5. Срцево заболување

Бактериите во усната празнина можат да создадат поволни услови за развој на патогени кои доведуваат до создавање плака во артериите. Артериската плака го зголемува ризикот од срцев удар и напад. Мијте ги забите редовно за да ги намалите шансите да се случи ова.

Имајте ги овие опасности предвид и грижете се за здравјето на вашата усна празнина. Практикувајте ги советите на голем број заболекари: чистете ги забите со забен конец пред спиење за да ги отстраните остатоците од храна кои може да предизвикаат кариес, одвојте по 2 минути најмалку 2 пати дневно за да ги измиете забите, менувајте ја четката за заби на секои три месеци и никако не користете туѓа. Ако не сте во можност да ги измете забите, земете гума за џвакање без шеќер. Луѓето кои ги следат овие совети немаат кариес и забен камен, а имаат посилни заби. И не заборавајте да се смеете! Луѓето коишто се посреќни и позадоволни во животот имаат подобро орално здравје. Овие неколку минути што ќе ги посветите секој ден на вашите заби ќе придонесат да се чувствувате многу подобро физички, но и психички.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар