Креативни начини да ги искористите скалите при декорирање на вашиот дом
Ретро стилот при опремувањето на домот никогаш не излегува од мода, а ни се чини дека во последно време станува уште популарен и сè почест избор за уредување на ентериерот. Ако сакате ваков изглед на просториите, тогаш со сигурност ќе ве израдуваат предлозите кои следат. Ви претставуваме креативни начини на кои можете да ги употребите обичните дрвени скали како парчиња мебел или како дел од декорот во вашиот дом. Освен тоа што се многу евтини и нема да го оптоварат вашиот буџет, скалите ќе ви го овозможат токму оној ретро шмек на вашите простории кој отсекогаш сте го замислувале.
Како полици: Еден од најчестите и наједноставни начини да ги употребите скалите во својот дом е да направите полици од нив. Тоа може да бидат полици за книги или декоративни предмети во вашата дневна соба.
Едноставно пронајдете двокраки скали, поставете ги на аголот од собата, наредете ги посакуваните предмети на нив и тоа е тоа!
Можете да употребите и наједноставни еднокраки скали со тоа што ќе ги прикачите на ѕидот и ќе добиете интересни полици за книги кои не заземаат многу простор.
Или пак, бидете креативни и комбинирајте повеќе двокраки скали и обични даски кои ќе се вклопат во бојата и ќе направите модерна полица на ѕидот.
Закачени на плафонот, обичните скали може да бидат и тоа како корисни. Во кујната на нив можете да ги закачите лонците, тенџерињата и тепсиите и на тој начин да заштедите простор.
А може да послужат и како носач за лустери и фенери во трпезаријата или на балконот.
Во кујната , малите скали обоени во бела боја може да бидат одлична полица за садови која секогаш ќе ви биде при рака.
Преминете на следната страна за повеќе идеи…