Дијабетeс: Факти и митови за шеќерната болест
Шеќерна болест? Сите веруваме дека знаеме што е дијабетесот. Заболените секојдневно вбризгуваат инсулин и се хранат исклучиво со посебна храна за дијабетичари. Но, не е баш така. Дојде време да видиме кои се фактите, а кои само митовите за оваа болест.
1. Дијабетес? Па тоа е неизлечлива шеќерна болест
И точно и погрешно. Точно е дека дијабетесот е познат и како шеќерна болест. Своето второ име, дијабетесот го должи на фактот што луѓето кај кои дијабетесот не е третиран, урината има сладок мирис. До оваа појава доаѓа поради постоење вишок количини шеќер во крвотокот и неможноста на телото тоа добро да го филтрира и во овој случај, бубрезите се принудени да работат прекувремено. Дијабетесот може да се држи под контрола. Но сепак, ова хронично нарушување на метаболизмот не е безопасно. Висок крвен притисок, инфаркт или мозочен удар се само некои од последиците кои може да настанат како придружни елементи на ова заболување. Бубрезите и очите, исто така, не се поштедени. Секоја шеста секунда во светот умира по една личност заболена од дијабетес.
2. Секој што јаде премногу слатки, ќе добие дијабетес. Или?
Не баш. Важно е да се нагласи дека постојат различни видови на дијабетес кои имаат различни механизми на појавување. Кај дијабетесот тип 1, телото како последица на генетско нарушување, произведува недоволна количина инсулин. Кај дијабетесот тип 2, телото не е во можност правилно да го обработи инсулинот. Освен овие два основни типа, постојат и помалку распространети варијанти, како што е на пример, дијабетесот во бременост. Дијабетес тип 2 е наследен и го имаат 90% од вкупната бројка на дијабетичарите. Овој тип дијабетес настанува во комбинација со прекумерна тежина, недоволна физичка активност и неправилна исхрана богата со слатки кои содржат „лоши“ масти и „лоши“ јаглехидрати. Значи, интеракцијата на сите овие фактори резултира со појава на дијабетес, а шеќерот сам по себе не е причинител.
3. Од дијабетес заболуваат само луѓето со прекумерна тежина
Овој податок воопшто не е точно. Точно е дека ризикот од заболување, кога зборуваме за дијабетес тип 2 е двојно поголем кај луѓето со прекумерна тежина. Кај изразито покрупните луѓе тој ризик е дури трипати поголем. Сепак, метаболизмот на повеќе од една четвртина од луѓето со прекумерна тежина останува здрав. Со други зборови, ова значи дека и други фактори, како што се генетските предиспозиции и годините влијаат на појавата на дијабетесот.
4. Дијабетес е болест на богатите земји
Сосема неточно. Дијабетесот и заболувањата поврзани со него се светски проблем кој е константно во пораст. Ова особено се однесува на дијабетес тип 1. Причините за тоа се нејасни. Меѓународното здружение на лица заболени со дијабетес во 2014 година броело 387 милиони членови, од кои 80% живееле во средно развиени земји и земји во развој.
5. Од дијабетес заболуваат само старите луѓе
Неточно. Вистина е дека мелитус дијабетесот почесто ги погодува старите луѓе, но дијабетес тип 1 и тип 2 ги има кај сите старосни групи. На годишно ниво, се регистрираат околу 2.000 нови случаи на тип 1 кај деца до 14 години.
6. Сите дијабетичари мораат секојдневно да примаат инсулин
Точно и неточно. Дијабетичарите од тип 1 мораат секојдневно да внесуваат инсулин бидејќи нивното тело веќе не е во состојба да го произведува овој хормон. Кај дијабетичарите од тип 2 тоа не е неопходно во моментот на дијагноза бидејќи телото некое време успева да ја компензира инсулинската резистенција со тоа што произведува повеќе количини од хормонот. После неколку години, панкреасот се заморува и количината на хормон што ја произведува, драстично опаѓа. Тоа е моментот кога дијабетичарите од тип 2 мора да почнат со внесување инсулин во своето тело.
7. А кога ќе снема инсулин, станува драматично
Недостатокот на инсулин не се доживува толку драматично колку што е прикажано во филмовите. Сцените на грчење кои најчесто се прикажани во филмовите како последица на невнесен инсулин, всушност се хипергликемија, односно недостаток на гликоза во крвта. Хипергликемијата, патолошки зголеменото ниво на гликоза во крвта, кај дијабетичарите предизвикува жед, главоболка, исцрпност, па дури и мачнини поврзани со грчеви во желудникот.
8. Луѓето што боледуваат од дијабетес мора да консумираат специјална храна за дијабетичари
Погрешно. Во последно време, на полиците на супермаркетите, имаме прилика да видиме сè повеќе производи со ознака „за дијабетичари“, „без шеќер“ или „со малку масти“. Ниту еден од овие производи не се препорачува за личност што боледува од дијабетес. Во некои земји, дури и со закон е забрането декларирање на прехранбени производи „за дијабетичари“, бидејќи така се доведуваат заболените во заблуда. За дијабетичарите важат истите правила за здрава исхрана, како и за здравите луѓе: Многу вода и овошје, а шеќер и сол во разумни количини.
9. Дијабетесот е неизлечлив
Точно. Лицата кои се заболени од дијабетес тип 1 се зависни од инсулин до крајот на својот живот. Ситуацијата кај дијабетес тип 2 е малку поинаква. Прекумерната тежина и недоволната физичка активност ја забрзуваат болеста, но здравата исхрана може многу да ја забави. Тоа значи дека со многу самоконтрола, дијабетесот може да се доведе до состојба на мирување, но хируршки интервенции или целосно отстранување на болеста е сè уште невозможно.