Од неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторуваме

Од неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторуваме

Луѓето често се наоѓаат во ситуации кои им го тестираат трпението. Многубројните пречки во животот ни ја одземаат силата која ја користиме кога се соочуваме со новите предизвици и спокојот кој ни е потребен во тешките моменти. Затоа, потребно е да се обидеме да ја држиме нашата психичка состојба во рамнотежа и успешно да ја заштитиме физичката. Во продолжение прочитајте ги овие инспиративни реченици по кои треба да се водите кога сметате дека не можете да најдете излез од неволјите и проблемите со кои се соочувате во вашето секојдневие.

Од неуспех кон победа: Мисли кои секојдневно треба да ги повторуваме

1. Нема да се грижам за тоа што може да биде и би требало да биде. Наместо тоа, ќе барам сила и можност во тоа што се случува токму сега.

2. Морам да прифатам сѐ што ми се случува и единствената важна работа е да го прифатам тоа најдобро што можам.

3. Никогаш нема да бидам толку добар/добра како што сите ми велат кога победувам, ниту пак некогаш ќе бидам толку лош/а како што мислам дека сум кога губам.

4. Помалку ќе мислам на решавањето на своите проблеми, а повеќе на обликувањето на својот начин на размислување. Ќе останам позитивен/позитивна.

5. Иднината можеби ќе се разликува од сегашноста, а јас – токму сега имам моќ да ја обликувам.

6. Да се биде во предност е од есенцијална важност, но никогаш нема да бидам во предност пред никого (вклучувајќи се и себе) додека сакам да им се одмаздам.

7. Ќе се хранам со љубовта. Ќе се спријателам со љубовта. Ќе зборувам со љубовта. Ќе живеам со љубовта. Денес.

8. Знам дека храброста значи да станам и гласно да го кажам своето мислење. Но, знам дека таа понекогаш значи и да седнам, да молчам и да слушам.

9. Нема да очајувам во оние моменти кога ќе бидам одбиен/а за нешто добро, бидејќи знам дека така само добивам нова насока кон нешто подобро.

10. Ако животот не ме предизвикува, тогаш тој не ме ни променува.

11. Нема да го чекам совршениот момент, туку ќе се обидам да го направам секој момент совршен.

12. Јас верувам во себе и знам дека само еднаш се живее. Но, ако живеам онака како што сакам, тогаш и еднаш е доволно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар