Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

Неколку причини зошто треба да јадете повеќе компири

Иако на малкумина им е познато ова, јадењето компири нема автоматски да ве направи подебели. Напротив, ако знаете на кој начин да ги консумирате, тие може да ви помогнат во вашите планови за губење на вишокот килограми. Денес ви прикажуваме неколку работи коишто треба да ги знаете за компирите и придобивките од нив.

1. Тие се полни со витамини и минерали

Компирите (со лушпа), се многу богати со витамин Б6, како и со калиум – и тоа двојно повеќе од една банана. Тие имаат многу хранливи влакна и протеини, железо, манган, магнезиум и витамин Ц. Тие се како мултивитамини, освен ако не ги претворите во помфрит, каде што ќе ги испржите овие витамини. Па, зошто би го правеле ова? Некои нутриционисти дури советуваат и да го јадете целиот компир, затоа што лушпата содржи половина од вкупните хранливи влакна и важни минерали.

2. Компирите содржат својства што ве релаксираат

Високите нивоа витамин Б и магнезиум се одличен начин природно да се справите со стресот и анксиозноста.

3. Скробот не е зло

Компирите се полисахариди, па токму затоа и можат да ви помогнат во намалувањето на килограмите, сè додека не создавате услови коишто ќе го попречат нивното варење.

4. Престанете постојано да ги пржите

На овој начин вие ќе ги изгубите хранливите материи. Едноставно испечете ги, додајте им малку масло и зачини и имајте го вашиот прекрасен, хранлив оброк.

5. Големината на порцијата е клучна, особено ако се соочувате со шеќер во крвта

Доколку имате проблеми со регулирање на нивото на шеќер во крвта, тогаш препорачливо е да консумирате мали или средни компири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар