Да кажете дека не можете да носите хеланки кога излегувате во град или на кафе со пријателите е исто како да кажете дека не можете да носите свечена облека кога одите на опера. Ако можете да вежбате во нешто и во тоа ви е удобно, тогаш сигурно можете да ги завршите дневните обврски или да се забавувате навечер, носејќи го истото парче облека. Пред неколку сезони, хеланките се сметаа за моден грев, но со промоцијата на физичкото здравје и активност, тие полека но сигурно се издигнаа како тренд. Во продолжение погледнете како да ги носите хеланките дури и кога сте надвор од салата за вежбање.rn
1. Изберете хеланки кои не се изработени од некој сјаен материјал
rnКога станува збор за носењето хеланки, мат текстилните материјали изгледаат многу пософистицирано од сјајните, но исто така можат и полесно да се комбинираат.rn
2. Хеланките не мора да бидат само спортска опрема
rnСамо затоа што хеланките се спортска облека, не значи дека мора да ги носите исклучиво за таа намена. Хеланките можат да бидат доста модерни, особено ако имаат некоја пастелна нијанса.rn
3. Внимавајте на изборот на чевлите
rnКога носите хеланки како пантолони, тогаш практикувајте балетанки, патики или чевли со дебела потпетица. Многу често високите потпетици прават хеланките да изгледаат евтино и невкусно. Зошто би носеле едни од најудобните парчиња облека со едни од најнеудобните видови чевли?rn
4. Координирајте ја бојата на вашата јакна со хеланките
rnКога складно ја комбинирате јакната со хеланките, тогаш двете парчиња заедно изгледаат како да се делови од една целина, односно од еден комплет.rn
5. Носете ги хеланките под смели модни парчиња
rnКако на пример фустаните кои се пократки и провидни и кои ги чувате само за вечерни пригоди и излегувања.rn
6. Немојте да носите тесна облека од глава до петици
rnДодадете волумен и движење на вашите хеланки со некои пошироки блузи или разиграни детали.rn
7. Изберете долги хеланки преку кратки хеланки
rnХеланките кои се долги до вашите глуждови многу повеќе наликуваат на пантолони отколку кратките. Ова ги прави малку поформални и поразновидни.rn
8. Покријте ги ластикот и манжетните
rnДенес, пантолоните и фармерките можат да бидат доста тесни и лесно е да го скриете фактот дека носите хеланки. Со тоа што ќе го покриете ластикот на половината со подолги блузи и ќе ги сокриете манжетните во чизми до глуждови или едноставно ќе ги завиткате, вие им го намалувате спортскиот и атлетскиот изглед на хеланките и правите да наликуваат на тесни пантолони.

