Како да ја носите зимската облека и во пролет?

Како да ја носите зимската облека и во пролет?

Само што ни пристигна пролетта, а ние веќе започнавме да размислуваме за адекватната гардероба и онаа зимската полека, но сигурно да ја пакуваме за следната година, бидејќи мислиме дека повеќе нема да ни биде потребна. Пролетното средување на гардероберот и менувањето на облеката која ќе ви биде на дофат на крајот може да се претвори во вистинско чистење и фрлање на сè и сешто. И навистина, постојат многу работи кои повеќе нема да ви бидат потребни, па можете слободно да ги спакувате на дното на гардероберот, но сега ќе се осврнеме на оние кои можете да ги носите во текот на целата година, а особено на преминот од зима во пролет, каде што времето најчесто може да биде непредвидливо. Дури и кога пролетта ќе го најави нејзиното доаѓање, често се случува температурите да останат ниски и онаа гардероба од тенки и проѕирни материјали да почека уште малку до нејзиното носење. Затоа задолжително почекајте со пролетното спремање на гардероберот или пак, погледнете што од вашата гардероба одлично ќе ви послужи и за наредните месеци.

1-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

1. Мантил

Дождовниот мантил е едно од најважните парчиња во гардероберот на една жена, баш поради тоа што можете да го носите скоро во текот на целата година. Не ви се потребни неколку мантили во гардероберот, туку само оној во неутрална боја, најчесто крем, бидејќи можете да го комбинирате со апсолутно сите останати бои. Самиот крој на ова парче ви овозможува да го носите со елегантен фустан и високи потпетици, но и со патики, па затоа неговата употреба е повеќенаменска и многу значајна. За пролет, избирајте ги оние од потенок материјал без некоја дебела постава, за да можете да ги носите што подолго.

2-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_ 3-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

2. Тексас јакна

Ова парче облека секогаш треба да го имате во гардероберот, независно кое годишно време е во прашање. Тексас јакната може да се носи постојано и секаде, а уште поважно е тоа што има повеќе модели, од кратки до подолги и можете да избирете крој кој најмногу одговара на вашата градба на телото. Во зима најчесто морате да облечете и капут врз неа, но во текот на сите останати годишни времиња е совршен сојузник на секоја девојка.

5-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_ 4-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

3. Кратки чизми

Кратки чизми или популарно наречени чизми до глуждови, се идеални за зима и за пролет, а сè почесто девојките ги носат и во лето во комбинација со шорцеви или краток фустан. Во првите денови на пролетта се совршен избор, бидејќи ќе ви ги топлат нозете како и секоја друга чизма, а сепак се кратки и идеални за ова време. Можете да ги носите со панталони, здолниште или фустан, бидејќи нивниот изглед одговара на лежерни, но и на елегантни комбинации.

7-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_ 6-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_

4. Кардиган

Непотребно е да се зборува колку кардиганот е скапоцено парче облека во текот на целата година, а особено во првите пролетни денови кога ви е потребно нешто кое можете лесно да го облечете и соблечете со оглед на тоа дека временските прилики знаат да изненадат, особено во тој период. Тие се направени од лесен материјал кој ќе ве поштеди од претераното потење, а сепак се доволно топли за да ве загреат кога температурите ќе се спуштат повеќе од очекуваното за тоа годишно време.

8-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_ 9-zoshto-da-ne-nosete-ja-zimskata-obleka-i-vo-prolet-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар