Од 2013-та година па сè до денес, фотографот и графички дизајнер Ден Маркер Мур го проследил минувањето на времето во градовите низ светот преку неверојатни „временски ленти“ – колажи изработени од дигитално споени индивидуални фотографии направени со повеќечасовна разлика. Како што секоја лента претставува различен период, така прекрасните фотографии во целост ја илустрираат трансформацијата на денот во ноќта преку градиенти, степени, суптилни движења и трепкањето на градските светла.rnrn
„Направив доста фотографии стоејќи на едно место и визуализирајќи како би изгледала една временска лента во одредена локација. Единствената пречка е временската прогноза која понекогаш тешко може да се предвиди“, објаснува Ден, дополнувајќи дека обично прави до 1.000 фотографии за една лента.
rn
„Обично се потребни повеќе обиди пред да направам една лента. Експериментирам со тоа колку ленти ќе монтирам и која ќе биде нивната насока, како и на кој временски сегмент ќе се наоѓа фокусот. Ќе завршам со неколку фотографии и ќе ја уредам најдобрата. Понекогаш тоа може да биде брз процес, но често се потребни неколку дена за да се добие посакуваниот резултат“, продолжува тој.
rn
„Ги сакам градските пејзажи. Тие се одличен мотив за правењето временските ленти, како што сонцето заоѓа и се палат градските светла“, вели Ден.
rn









