Ако имате облини, тогаш сега е совршеното време да престанете да го криете вашето тело во облека без никаква форма. Сосема е нормално да се чувствувате воздржано кога пробувате изглед што не сте сигурни дека би успеал, но зошто да се откажувате пред време? Тргнете ги настрана несигурностите и обидете се да го најдете стилот кој најмногу одговара на вашата градба на тело. Почнете од следниве 6 модни комбинации.rn
1. Слоеви
rn
rnrnКога се облекувате во слоеви, одбирајте меки парчиња кои ќе ги намалат вашите облини. Обидете се да не претерувате со груб материјал и секогаш запомнете да покажете малку кожа.rn
2. Сложени дизајни
rn
rnrnНе размислувајте два пати пред да одлучите да носите весели дизајни. Започнете побавно, со шарена маичка и еднобојни пантолони, или обратно, а кога ќе се чувствувате подготвено можете да носите колоритни дизајни од глава до петици.rn
3. Тексас во комбинација со тексас
rn
rnrnКанадскиот смокинг е всушност одличен изглед за вас бидејќи можете да си поиграте со монохроматските модни комбинации. Доколку одржувате стил во една боја, вие ќе создадете илузија дека имате многу повитко тело.rn
4. Светли бои
rn
rnrnКој вели дека треба да се облекувате само во темни бои? Кога експериментирате со бела, кожа боја и други светли нијанси, вие ќе изгледате многу поведро и ќе ја истакнете вашата одлична фигура како песочен часовник.rn
5. Тесни фустани
rn
rnrnАко имате што да покажете, зошто би го криеле тоа? Кога носите модели кои ги нагласуваат вашите облини, обрнете внимание на деталите кои ќе ве направат да се чувствувате посамоуверено. На пример, поцврст материјал кој држи сè на своето место.rn
6. Линии
rn
rnrnЛиниите можеби ви изгледаат како изглед кој е тежок за совладување, но постои еден совет кој ќе ви помогне секогаш да изгледате совршено во нив: Одбирајте вертикални линии кои ги мамат очите да мислат дека сте повисоки и послаби.rn
7. Бикини
rn
rnrnЗа крај, нема потреба да се криете од сонцето само поради облините. Да, вие слободно можете да носите бикини на плажа! На крајот од денот, вашата самодоверба е тоа што другите луѓе го забележуваат, а не вашата големина или форма.
