10 момци кажуваат што навистина мислат за девојките кои се однесуваат како порно ѕвезди во креветот
Дами, дали некогаш сте гледале порно филм и сте се прашувале дали би можеле да се однесувате така за вашиот партнер? Можеби дури и сте сакале да му спомнале да гледате заедно порнографија за да се инспирирате, но набрзо сте се премислиле поради своите несигурности и срам? Сигурно си мислите дека стандардите се многу високи и дека никогаш не би можеле да се однесувате како порно ѕвезда.
Но, не грижете се бидејќи имаме добри вести за вас! Според изјавите на следниве неколку момци, вие воопшто не треба да се плашите. Да, точно е дека повеќето мажи фантазирале да имаат секс со одредени порно ѕвезди, како и дека барале од своите девојки да ја преземат таа улога во креветот. Но, кога биле прашани дали би сакале навистина да имаат секс со порно ѕвезда, за големо изненадување, нивниот одговор бил „НЕ“!
Изгледа голем дел од мажите не ги сакаат лажните гласни издишки, туку повеќе би сакале вие двајца да пробате нешто ново. Погледнете ги нивните одговори на следниве неколку прашања кои сигурно се плашите да им ги поставите…
Што мислите за жените кои се однесуваат или зборуваат како порно ѕвезди во кревет?
„Понекогаш кога таа глуми дека е порно ѕвезда, нештата можат да бидат многу поинтересни. Но, ако издишките и стенкањата почнуваат да звучат лажно, тогаш воопшто не е забавно.“ – Ден, 32
„Во ред е сè додека не почне да звучи како оние чудните порно филмови, со пискотници.“ – Роберто, 28
„Не, сè додека таа не глуми, сè ќе биде во ред. Јас навистина ги мразам лажните порно стенкања. Понекогаш жените го прават тоа бидејќи мислат дека ги возбудува мажите, но грешат!“ – Бен, 25
„Не! Јас не сакам ништо од тие лажни глупости!“ – Брендон, 29
„Тоа е многу секси, прави да биде уште позабавно во сексот, но сепак треба да се задржи реалноста.“ – Брајан, 30
„Тоа е во ред, бидејќи мене не ме возбудуваат некои чудни порно трендови, каде што најчесто сè изгледа лажно.“ – Ник, 26
Дали вашата девојка треба да гледа порно филмови со вас?
„Ја поддржувам 100% во тоа! Исто така, ако таа сака мастурбира, ѝ ја давам стимулацијата која ѝ е потребна! – Ден, 32
„Мислам дека тоа е нешто убаво што би можело да ве извлече од рутината.“ – Виктор, 26
„Апсолутно. Јас сум 100% за тоа! Тоа е навистина секси и може да направи нештата да бидат многу позабавни.“ – Андрес, 26
„Да! Тоа е многу забавно. Многумина мислат дека е чудно, но јас сметам дека е секси и дека отвора дискусија.“ – Брајан, 30
„Секако дека да! Тоа е многу секси. Не само што е забавно, туку можете и многу да научите додека имате секс. Со учење, мислам на сите оние нови нешта кои можете да си ги правите еден на друг, како и нови пози. Кој не сака да учи додека има секс?!“ – Брендон, 29
„Би го сакал тоа. Но, мразам кога девојките стануваат љубоморни. Таа е порно ѕвезда и никогаш нема да имаме секс, ниту пак би сакал тоа да го направам со неа. Гледањето треба да биде само за забава!“ – Роберто, 28
„Тоа е одлична идеја доколку и двајцата го сакаат тоа. Ако на еден од нив не му се допаѓа, тогаш може да доведе до лош пресврт во врската.“ – Томи, 37
„Би било одлично доколку и двете страни се спремни да разговараат за нештата што ги сакаат и не ги сакаат (искрено) и да се најде време за да се откријат сите оние нешта кои и двајцата ги возбудуваат.“ – Џејсон, 28
Дали е чудно кога слатката девојка во реалноста, се претвора во порно ѕвезда помеѓу чаршафите?
„Не, воопшто не е чудно. Повеќето од жените се однесуваат професионално надвор од домот, но како чудаци кога се внатре.“ – Томи, 37
„Не. Всушност, во моментов размислувам за филмот ‘Girl Next Door’ каде што таа е порно ѕвезда и тоа беше одлично.“ – Виктор, 26
„Не, ни најмалку. Мислам дека мажите и жените ги кријат нивните вистински желби. Чудесно е кога жените ќе се ослободат од своите инхибиции за време на сексот.“ – Ден, 32
„Не, воопшто не ми пречи што другите луѓе прават во спалната соба.“ – Бен, 25